Француски министер прегазил велосипедист на семафор во Париз

Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер удрил велосипедист кој поминал на црвено со својот приватен автомобил во Париз.

Велосипедистот, кој наводно се здобил со повреда на главата, е пренесен во болница, објави „Фигаро“.

Велосипедистот бил релативно брзо пренесен во болницата Кочин, која се наоѓа во 14-тиот арондисман, изјави извор од париската полиција.

Весникот наведува дека Ле Мер не бил повреден.

Сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 19:30 часот во 6-тиот париски арондисман.

Според неименуван полициски извор, Ле Мер бил тестиран на алкохол и дрога и резултатите биле негативни.

Демири сака болницата во Лешок да ја спои со Клиничката болница во Тетово

Министерот за здравство Илир Демири сака болницата за белодробни заболувања во Лешок да ја спои со Клиничката болница во Тетово...

На ваквата одлука што ја најави министерот при неодамнешната посета на Тетово, остро се спотивставува медицинскиот персонал од специјализираната болница.

-Бараме да се донесат доктори специјалисти за да продолжи нормалното функционирање на болницата. Бараме барањето на министерот Демири, поврзано со нашата болница, итно да се поништи да не се најде на следната седница на Владата“, се вели во соопштението кое го испратија од болницата во Лешок.

Демири рече дека ако специјализираната болница не се земе под покровителство на тетовската болница таму без плата ќе останат 20 вработени.

Управен ги отфрли сите тужби на ДУИ - ќе дојде ли до промена на пратеничките мандати?

Ќе дојде ли до промена на пратеничките мандати во 5. и 6. изборна единица?

По маратонска расправа во текот на вчерашниот ден Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ против решенијата на ДИК за прегласување на парламентарните избори во седум избирачки места. Според пресметките на партиите, со прегласувањето најмногу може да загуби ДУИ, два пратеника – по еден во петката и шестката..

Во Изборната единица 6 ДИК прифати еден приговор за избирачко место во Желино. Таму најмногу гласови освои коалицијата Влен, вкупно 332, додека коалицијата преводена од ДУИ освоила 134 гласа, а СДСМ само 4.

Во шестка, Европскиот фронт освои 9 мандати наспротив 7 на Вреди, но доколку разликата на ова избирачко место се зголеми за дополнителни 80 гласа, тогаш резултатот ќе биде 8-8.

Во петката, поништено е гласањето во 6 избирачки места. Таму ВМРО ДПМНЕ доби 10 пратеници, Европски фронт 4 и СДСМ тројца, но по прегласувањето може да се случи СДСМ да освои еден повеќе, а има и опција коалицијата на ВМРО ДПМНЕ да добие еден или двајца пратеници во зависност од пресметката со Донтовиот модел кој може да биде пресуден а со оглед на ниската разлика во изборниот количник.

Од коалицијата „Вреди“ ја поздравија одлуката на Управниот суд, за која велат дека е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај.

-Ја поздравуваме одлуката на Управниот суд, која е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај. Оваа одлука уште еднаш докажува дека надежта за граѓаните во државата доаѓа, а манипулациите и криминалот на оваа хибридна моќ паѓаат.- Коалиција Вреди

Со поднесувањето на приговорите до ДИК и барањето за прегласување од Вреди и ВМРО ДПМНЕ, од ДУИ обвинуваа за изборен инжињеринг кој како што тврдат бил договорен по политички договор на опозицијата, во кој учествувал и СДСМ.

Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели

Променливото време со повремени врнежи дожд е погодно за појава на плевели, болести и штетници.

Поради тоа, земјоделците треба да посветат поголемо внимание за заштита на нивните посеви, препорачуваат агрометеоролозите од УХМР.

Доколку временските услови дозволуваат, може да се продолжи со другите агротехнички мерки. Се препорачува да се преземат и превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, како и за расчистување и заштита на одводните канали за полесно одлевање на површинските води, велат агрометеоролозите.

-Променливото време со повремени врнежи дожд во изминатите денови, ги одржува земјоделските култури во активна состојба, со доволно влага во почвата, но и со услови на појава на плевели, болести и штетници заради големата релативна влажност на воздухот. При вакви временски услови, земјоделските производители треба да посветат поголемо внимание на заштита на нивните посеви од плевели, појава на болести и штетници, заради постоење оптимални услови за нивно ширење и развој, нагласуваат агрометеоролозите.

Тие оценуваат дека новите врнежи кои ги најавува УХМР, ќе ги дополнат вештачките акумулации кои беа со намалено ниво на вода.

притисни ентер