Француски атлетичар суспендиран поради говор на омраза

Францускиот атлетичар Мухамед Абдалах Кунта, кој настапи на трката на 400 метри на Олимписките игри во Париз, е суспендиран поради говор на омраза.

Француската атлетска федерација (ФФА) му изрече суспензија откако на социјалните мрежи објави говор на омраза против Израел во неколку наврати помеѓу 2021 и 2024 година.

„Федерацијата ги потсетува сите француски спортисти дека изразувањето на нивните лични мислења на никаков начин не смее да го загрози единството на француската атлетика и француската репрезентација и мора да ги почитува вредностите на Републиката“, соопшти ФФА.

Неговите објави подоцна беа избришани.

„Искрено се извинувам ако некој се почувствувал навреден. Јас сум против геноцид и каква било форма на расизам или неправда и мислам дека не треба да докажам колку ја сакам мојата земја“, рече 29-годишниот француски атлетичар. /МИА

Семејството Трамп испрати честитки, сите го забележаа потписот на Барон (ВИДЕО)

Семејството Трамп испрати божиќни и новогодишни честитки, а многу приматели ги споделија на социјалните мрежи.

Црвениот картон со златна ѕвезда и зборовите САД (Соединетите Американски Држави) ги содржи потписите на Меланија, Доналд и нивниот син Барон.

„Среќни Божиќ и Нова Година. Ви посакуваме сѐ најдобро“, стои во честитката. Барон ја потпишал нивната семејна честитка уште во 2017 година кога имал само 11 години, а со текот на годините можевте да видите како неговиот потпис „еволуирал“. Денес тој е студент на Универзитетот во Њујорк, но многумина забележаа дека неговиот потпис се уште е доста сличен на оној од пред 7 години.

Вака изгледаше во 2017 година.

Инаку, на социјалните мрежи се појави верзија на божиќната честитка со фотографија на Меланија и Доналд, која веднаш предизвика дискусија. Многумина забележаа дека парот оваа година користел стара фотографија, па почнаа шпекулациите за нивната брачна врска. На честитката има фотографија на Меланија и Доналд од 2018 година.

„Не можеше ни да ја натера да се слика со него за Божиќ?“, „Дали се воопшто заедно овој Божиќ?“, се само дел од коментарите. Но, на поддржувачите на Трамп не им пречи старата фотографија, па од Божиќ е лајкувана над 1,7 милиони пати.

Украина: Уништивме складиште со борбени дронови во Русија

Украина денеска соопшти дека го погодила објектот за складирање и одржување на „самоубиствени беспилотни летала“ со долг дострел Шахед во рускиот регион Ориол.

Украина денеска соопшти дека го погодила објектот за складирање и одржување на „самоубиствени беспилотни летала“ со долг дострел Шахед во рускиот регион Ориол, додавајќи дека „значително ја намалиле“ способноста на Русија да изврши масовни напади со беспилотни летала против Украина.

Главниот штаб на украинските вооружени сили преку соопштение на комуникациската платформа Телеграм објави дека нападот го извршиле украинските воздухопловни сили.

„Како резултат на нападот, уништен е објектот за складирање, одржување и поправка на беспилотни летала Шахед камиказе, составен од неколку заштитени бетонски конструкции“, соопштија од штабот. „Оваа воена операција значително го намали потенцијалот на непријателот да изврши воздушни напади со беспилотни летала против украинската цивилна инфраструктура.“

Москва не го коментира нападот. За време на својата 34-месечна инвазија, Русија редовно извршува ракетни и беспилотни напади врз Украина.

Во изминатите неколку месеци, Москва речиси секојдневно испраќа беспилотни летала во Украина со надеж дека ќе ја оштети нејзината инфраструктура и ќе ја ослабне нејзината противвоздушна одбрана до точка што тие не можат да пресретнат и соборат ракети.

Украинските воздухопловни сили соопштија претходно денеска дека собориле 15 од 16 руски беспилотни летала во текот на ноќта, а преостанатите исчезнале од радарот.

Русите прекинуваат со испорака на 2 милијарди кубни метри гас за Молдавија, земјата пред колапс

Рускиот енергетски гигант Газпром денеска објави дека од 1 јануари ќе го прекине извозот на гас во Молдавија поради неподмирениот долг на земјата.

Како што е соопштено, компанијата го задржува правото да преземе какви било активности, вклучително и раскинување на договорот за набавка со Молдавија, објави денеска Ројтерс.

Русија преку Украина ја снабдува Молдавија со околу две милијарди кубни метри гас годишно.

Гасот се дистрибуира во отцепениот регион Придњестровје, кој го користи гасот за производство на евтина енергија, која ја продава на остатокот од Молдавија.

Молдавија, која има 2,5 милиони жители, се подготвува за долги прекини на струја во наредниот период, бидејќи Киев најави дека нема да го продолжи транзитниот договор со Гаспром.

Прекинот на испораката на Молдавија го означува почетокот на целосното прекинување на извозот на руски гас во Европа преку Украина, бидејќи договорот за транзит на руски гас со Украина истекува на 31 декември.

притисни ентер