Франција се налути поради австралиските подморници, Нов Зеланд не ги сака во нивното море

Француската влада вчера го повлече својот амбасадор во САД на консултации како одговор на неодамна објавеното партнерство за национална безбедност меѓу САД, Велика Британија и Австралија.

Овој потег е без преседан во односите САД-Франција, земја што официјален претставник на Белата куќа неодамна ја нарече „најстариот сојузник на Соединетите држави“.

Францускиот министер за Европа и надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан, во рече дека тоа е направено по барање на претседателот Емануел Макрон.

Напуштањето на проектот за подморници на кој Австралија и Франција работеле од 2016 година и најавата за ново партнерство со САД претставуваат неприфатливо однесување меѓу сојузниците и партнерите, рече тој.

Тој посочи дека оваа „исклучителна одлука“ е резултат на „исклучително тешка ситуација“.

Но, не се лути само Французите. Анти-нуклеарните групи во Австралија, како и многу Австралијци, се револтирани од новиот пакт, загрижени дека може да ја донесе нуклеарната индустрија во Австралија преку задна врата, на што нацијата со децении се спротивставува.

Новиот пакт ќе и овозможи на Австралија да стане седма земја во светот која поседува подморници со нуклеарен погон, а сојузниците исто така најавија дека ќе споделуваат технологии базирани на вештачка интелигенција, како и други технологии за подморници.

Во меѓувреме, Кина ги обвини трите сили вклучени во пактот дека имаат „менталитет од Студената војна“.

На новата алијанса реагираше и премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која му порача на австралискиот премиер Скот Морисон дека нуклеарните подморници нема да бидат добредојдени во територијалните води на Нов Зеланд, пренесува Си -Ен -Ен.

Во 1984 година, Нов Зеланд ги забрани сите нуклеарни активности во нивната област.

Да потсетиме, Австралија во четвртокот објави дека ќе го отфрли договорот вреден 40 милијарди долари со француска компанија која што требаше да изгради флота од конвенционални подморници и наместо тоа да изгради најмалку осум нуклеарни подморници со американска и британска технологија по склучувањето на трилатералното партнерство за безбедност.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан ја опиша одлуката како нож во грб.

"Оваа еднострана и непредвидена одлука е слична на постапките на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Ни заби нож во грбот", рече тој по објавувањето на веста за новото партнерство.

Во четвртокот, австралискиот премиер Морисон рече дека Франција била известена за одлуката пред објавувањето, но Франција го негираше тоа.

Проектот поништува огромен австралиски налог на подморници од Франција, која пшто изрази остри реакции кон Канбера за прекршување на даден збор, како и против американскиот претседател Џо Бајден.

„Не бевме информирани за проектот пред да се појават првите информации во американскиот и австралискиот печат, неколку часа пред официјалната објава на американскиот претседател Џо Бајден“, рече портпаролот на француската амбасада во Вашингтон, Паскал Конфавро.

Морисон вчера го призна кршењето на австралиско-француските односи, но инсистираше на тоа дека во јуни му кажал на францускиот претседател Емануел Макрон дека Австралија се премислила за договорот и дека можеби ќе треба да донесат поинаква одлука.

„Го кажав многу јасно, имавме долга вечера во Париз, за ​​нашите многу важни грижи, за можностите на конвенционалните подморници да се справат со новата стратешка средина со која се соочуваме“, рече Морисон за Радио 5аа.

„Многу јасно кажав за што станува збор и дека Австралија ќе треба да донесе одлука што е од наш национален интерес“, рече тој.

Напнатоста во австралиско-француските односи дојде во време кога САД и нивните сојузници бараат дополнителна поддршка во Азија и Пацификот поради загриженоста за зголеменото влијание на се` посилната Кина.

Франција треба да го преземе претседателството со Европската унија, која во четвртокот издаде стратегија за индо-пацифичкиот регион, ветувајќи дека ќе постигне повеќе трговски договори со Тајван и ќе ангажира повеќе бродови за да ги држи отворени поморските патишта.

Хасани:Руската агресија во Украина останува најкритична закана за мирот и безбедноста во Европа

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани смета дека руската агресија во Украина останува најкритична закана за мирот и безбедноста на европскиот континент и пошироко.

Хасани на меѓународната конференција „Ленарт Мери“ (Lennart Meri) во главниот град на Естонија, Талин изјавил дека „Албанија продолжува со својата јасна и цврста позиција во одбрана на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, во согласност со ставот на ЕУ, НАТО и САД".

-Албанија активно ги поддржува напорите и преземените иницијативи за да се обезбеди целосна одговорност за најтешките злосторства според меѓународното право извршени во Украина. Застанувајќи покрај Украина, Албанија ја поддржува политички, економски и воено, до постигнување праведен и стабилен мир, нагласил тој, јави АТА.

Прашан за улогата на Русија во светската безбедност, министерот Хасани, рекол дека „единствениот победник во овие турбулентни времиња е НАТО, сојузот на вредности и нации кои го сакаат мирот и ги почитуваат правата на народите".

Министерот Хасани остварил средби со премиерката Каја Калас, неговиот естонски колега Маргус Цахкна и шефот на Комисијата за надворешна политика во естонскиот парламент, Марко Михкелсон на кои изразил благодарност за континуираната поддршка на Естонија за процесот на интеграција на Албанија и Балканот во ЕУ./МИА

Фоден: Горд сум на наградата фудбалер на сезоната во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Фил Фоден ги искажа впечатоците по добивањето на наградата за најдобар играч во сезоната 2023/24 во англискиот шампионат.

- Добивањето на оваа награда е достигнување на кое сум исклучително горд. Англиската Премиер лига е препознаена како најдобра лига во светот и среќен сум што сум номиниран заедно со многу други одлични играчи кои имаа посебни сезони во своите клубови. Би сакал да му се заблагодарам на целиот персонал на Сити, тренерите и особено на моите соиграчи, бидејќи без нив тоа немаше да биде возможно, изјави Фоден на официјалната веб-страница на „Граѓаните“.

Оваа сезона во Премиер лигата, 23-годишниот играч од средниот ред одигра 34 натпревари, постигнувајќи 17 гола и постигна осум асистенции.

Трансфермаркт го проценува Фоден на 130 милиони евра.

Договорот на играчот со Манчестер сити е до летото 2027 година. /МИА

Чави за Барселона: Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот

 Тренерот на Барселона, Чави проговори за расположението во кое работи во Барселона.

Претходно беше објавено дека претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта решил да ја прекине соработката со тренерот на крајот од сезоната.

- Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот. Критиката ме тера да се подобрам. Ништо не се менува кај мене. Нестрплив сум да покажам дека можеме да продолжиме да бидеме конкурентни. Оваа сезона не беше успешна за нас, но убеден сум дека во иднина се може да излезе добро, изјави Чави.

Барселона утревечер од 19 часот го пречекува Рајо Ваљекано.

На две кола до крајот на сезоната во шпанската Ла Лига, Барселона се наоѓа на второто место со 79 бода, далеку зад лидерот Реал Мадрид кој има 93./МИА

притисни ентер