Франција ги укинува субвенциите за електрични возила од Кина

Почнувајќи од 2024 година, француската влада ќе започне со укинување на субвенциите за повеќе електрични автомобили произведени во Кина.

На листата на модели кои веќе нема да можат да го користат овој „еколошки бонус“ од следната година се најде и Дачија „Spring“. Оваа информација ја потврди Тери Пјетон, финансиски директор на„ Renault Group“. Во моментов Дачија „Spring“ може да се купи на францускиот пазар по цена од 15.000 евра, благодарение на државната субвенција од 5.000 евра.

Од следната година, пак, електричниот модел произведен во Кина ќе има куповна цена од повеќе од 20.000 евра, а Франција го најави овој потег претходно како дел од пакетот за заштита на домашната економија, иако се очекуваше да се направи исклучок за „домашен“„Spring“ модел кој се произведува и во Кина.

Згора на тоа, поради оваа одлука, Дачија „Spring“ ќе биде поскапа дури и од конкуренцијата. Новиот „Citroen e-C3“, претставен пред неколку дена, ќе има набавна цена од околу 18.000 евра со вклучена субвенција.

Единствено решение би било намалувањето на откупната цена на „Spring“, што дури и го предложи финансискиот директор на француската групација. Можеби исто така би било опција да се пресели производството во Мароко, заедно со другите модели на Дачија.

Во спротивно, постои ризик овој електричен градски модел да се смета за прескап за француските купувачи, со оглед на неговата големина и перформанси.

Извор: Б92

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

Фото:Убавата Дилета ја отвори сезоната на костими за капење

Најатрактивната спортската новинарка и водителка во Европа, Италијанката Дилета Леота, набрзо по раѓањето на своето прво дете, ќерката Арија, се врати на работа пред ТВ екраните и фудбалските стадиони.

Убавата Дилета е во брак со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус.

Благодарение на редовните тренинзи и адекватната исхрана, убавата и згодна мама брзо ја врати линијата што ја имаше пред породувањето, а нејзините обожаватели ширум светот со нетрпение го очекуваа враќањето на Дилета во ритамот од пред бременоста и објавувањето на фотки во бикини.

Тоа на нивна радост и се случи, Дилета објави фотографии од базен, каде со ќерката ужива во приватноста на својот дом, а дека изгледа бомбастично докажа и во едноделен розов костим за капење кој одлично и стои.

Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи

Во следните три дена, почнувајќи од среда, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер.

Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура од 8, а максимална дневна до 27 степени.

притисни ентер