Фотографијата „Минхен" победи на студентскиот онлајн-натпревар за Денот на Европа

На второ место е Теодор Мицески со фотографијата „Потсдам" со 1268 реакции, а на трето – Михаел Дивјакоски со фотографија од Сплит и добиени 792 реакции.

Фотографијата „Минхен" на Никола Чамовски е победник на студентскиот онлајн-натпревар за најдобра фотографија по повод одбележувањето на Денот на Европа на тема „Најдобар европски град", со освоени 1947 лајкови и други реакции, соопшти организаторот на натпреварот – Европско движење на Република Македонија.

На второ место е Теодор Мицески со фотографијата „Потсдам" со 1268 реакции, а на трето – Михаел Дивјакоски со фотографија од Сплит и добиени 792 реакции.

На онлајн-натпреварот за најдобра фотографија учествуваа 47 студенти. Се одржуваше од 27 април до 9 мај по повод Денот на Европа на Фејсбук-страницата на Европското движење и, како што наведува организаторот, предизвика огромен интерес „освојувајќи" над 5.000 лајкови и други реакции.

-Резултатите се менуваа во текот на целиот натпревар, но на крајот една од учесничките беше дисквалификувана поради непочитување на правилата. За победниците се обезбедени парични награди од страна на Европското движење, чија цел е да ги доближи европските градови до младите во Македонија и да промовира европски вредности, соопшти Европското движење на РМ.

Во рамки на прославата на Денот на Европа, Европско движење во земјава организираше и онлајн-дебата за размена на искуствата на студентите преку програмата на ЕУ „Еразмус плус", како и онлајн-квиз за знаењата за ЕУ.

За средношколците, пак, објави конкурс за најдобар есеј на тема „Заедно за иднината на Европската Унија"./МИА

Мелиса од Јужна Африка е најсекси спортската новинарка на светот (ФОТО)

Веќе навикнавме телевизиите да решаваат на своите канали да ангажираат убави дами кои го сакаат спортот, за да можат гледачите уште повеќе да уживаат во него, а изгледа дека SkySport ја најде можеби најубавата меѓу нив.

Мелиса Реди има 37 години и доаѓа од Јужна Африка, но моментално работи во SkySport, каде што блеска со својата убавина на секој пренос пред широката публика.

Таа е многу активна и на социјалните мрежи каде често разговара со своите „фанови“, додека неодамна одговори на прашање - кои три работи ја одржуваат исполнета.

Таа одговори дека тоа е здравје, мир и среќа, а еден корисник би рекол дека Бог ја наградил со убавина на денот кога се родила.

Тоа со право го кажа со оглед на тоа што Мелиса е една од најубавите водителки на светот.

Мадона на Копакабана ќе настапи пред 1,5 милиони луѓе за финале на големата турнеја

Планетарна ѕвезда, град од соништата, легендарна плажа. Вечерва Мадона ќе се појави пред обожавателите во Рио де Жанеиро на монументален и бесплатен концерт на плажата Копакабана.

На најголемиот концерт во кариерата на поп-кралицата се очекуваат околу 1,5 милиони луѓе. На 65-годишна возраст, американската поп-ѕвезда на тој начин со голем стил ќе ја затвори турнејата The Celebration Tour, одбележувајќи 40-годишна кариера.

На крајот на убавиот есенски ден обележан со летни температури, во самракот ќе светне најголемиот подиум за танцување на светот со настап на неколку диџеи. Нешто пред 22:00 часот (3 часа по средноевропско време) Мадона ќе пешачи директно до плажата и сцената преку мост, поставен специјално за оваа прилика.

По 80 концерти во Европа, Северна Америка и Мексико, настапот во Рио ќе биде големото финале. Атмосферата покрај плажата е празнична и потсетува на опуштената атмосфера на карневалот во Рио. Две јавни проби, во четвртокот и петокот навечер, привлекоа голем број фанови.

Мадона пристигна со три авиони и 270 тони опрема, а нејзиниот концерт ќе донесе околу 53 милиони евра за локалната економија, пресметале градските власти.

Руски хакери ги нападнале Германија и Чешка, реагира и Полска

Полска денеска ги осуди наводните сајбер напади на руската група наречена АПТ28 врз Германија и Чешка, велејќи дека и самата била погодена.

Полска изразува солидарност со Германија и Чешка поради сајбер нападите врз нивните демократски институции и политички партии, се вели во соопштението на полското Министерство за надворешни работи.

Германија вчера ја обвини Русија дека извршува сајбер напади врз нејзината владејачка партија, воздухопловните и одбранбените компании и цели во други земји и предупреди на неодредени последици. „Полска, која беше една од целите на (групниот) напад АПТ28, силно ги осудува повторените, неприфатливи и штетни активности извршени од руски актери во сајбер просторот“, се вели во соопштението.

Во соопштението не се наведени никакви детали за нападот. „Соочена со сè поголемите закани во сајбер просторот, Полска активно работи на заштита на критичната инфраструктура, градење отпорност и зајакнување на сајбер-одбраната.

притисни ентер