Фото: Жешка патека но и жешки трибини во Абу Даби!

Сите би сакале да седнат зад воланот на болид на формула и да извозат некој круг ако вакви убавици се крај патеката и навиваат.

Покрај најдобрите светски возачи секогаш се присутни и убави девојки.

Викендов се решава прашањето за новиот шампион во Формула 1, тандемот на Мерцедес Хамилтон – Розберг на патеката во Абу Даби ќе атакува на победа и трофеј но сигурно интересно ќе биде и на трибините .

Алжир достави предлог-резолуција до СБ на ОН за прекин на израелската офанзива во Рафа

 Алжир достави предлог-резолуција до Советот за безбедност на Обединети нации со која се бара итен прекин на огнот во Појасот Газа и се наредува на Израел веднаш да ја прекине воената офанзива во јужниот град Рафа.

Нацрт-резолуцијата исто така повикува на почитување на прекинот на огнот од сите страни, како и итно ослободување на сите заложници земени за време на нападот на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел.

Со нацрт-резолуција се бара усогласување со претходните резолуции на СБ и отворање на сите гранични премини и хуманитарен пристап за 2,3 милиони луѓе во Појасот Газа на кои итно им е потребна храна и друга помош.

Катастрофалната ситуација во Појасот Газа претставува закана за регионалниот и меѓународниот мир и безбедност, се наведува во предлог-резолуцијата и се изразува голема загриженост поради „гладот што се шири во Појасот Газа“ и страдањето на палестинските бегалци во Рафа.

Дипломатите се надеваат дека за предлог-резолуцијата на Алжир брзо ќе се гласа, можеби и денеска. САД ставија вето на повеќе резолуции со кои се бара прекин на огнот во Појасот Газа.

Истрага за полова злоупотреба на немоќно лице во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело „полова злоупотреба на немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик“.

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело „полова злоупотреба на немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик“, а Судот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што информира ОЈО, на 23 април, во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на Youtube.

-Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Оценувајќи дека предлогот е оправдан и законски основан, Судот определи притвор во траење од 30 дена, соопшти ОЈО.

Парламентарни избори во ЈАР

Околу 27,6 милиони лица со право на глас денеска ќе избираат 400 пратеници, кои потоа ќе го именуваат следниот претседател на Јужно Африканската Република (ЈАР).

На изборите учествуваат околу 50 партии, а главни ривали се владејачката партија Африканскиот национален конгрес (АНЦ) и опозициската Демократски сојуз (ДА).

Според анкетите за ДА би гласале 25 проценти од граѓаните, а за АЦН од 40 до 46 отсто.

Многу гласачи се поделени помеѓу лојалноста кон АНЦ, која ја ослободи земјата од апартхејдот и растечкото разочарување поттикнато од невработеноста и недостигот на вода и струја триесет години по демократијата, што може да ги одврати од гласањето за историската партија.

Претседателот на ЈАР, Сирил Рамафоза во последното обраќање до нацијата уште еднаш ги истакна достигнувањата на АНЦ и напредокот постигнат од крајот на апартхејдот за граѓаните на ЈАР, пред сè во образованието, борбата против насилството врз жените и борбата против корупцијата. Тој се надева на втор претседателски мандат и оти победата на АНЦ е неизбежна.

Додека лидерот на ДА, Џон Стинхујзен на последниот предизборен митинг истакна дека АНЦ ќе го изгуби мнозинството.

притисни ентер