Фото: Се продава прекрасно „BMW “ од една од најдобрите генерации на „M3“

Генерацијата „E46“ на моделот „BMW M3“ со право се смета за една од најдобрите во историјата на овој спортски автомобил, па не е ни чудо што неговата цена постојано се зголемува, а еден одличен пример се продава на аукција.

Станува збор за „BMW M3“ од 2003 година, кој е обоен во посебна нијанса на „Estoril“ сина металик боја од палетата „BMW Individual“. Оваа боја доаѓа од моделот „E36 M3“, а неофицијалните податоци велат дека краси најмногу 200 примероци во светот, што значи дека е една од најретките досега понудени за „M3“.

За продажбата на овој автомобил е задолжена „RM Sotheby's“, која наведува дека е регистриран во мај 2003 година и доставен до купувачот во Германија, каде што моментално се наоѓа. Поминал 51.350 километри, а нов сопственик ќе добие на аукција во Минхен закажана за 25 ноември.

Меѓу податоците се наведува дека овој „М3“ поминал одредено време во Тенерифе, Шпанија и дека е вратен во Германија во 2022 година. Се чини дека е во фантастична состојба, и внатре и надвор.

Седиштата се украсени со комбинација од црна кожа и црна ткаенина, а за автомобил стар 20 години се очекуваат пукнатини на страничните потпори. Сите инструменти се функционални вклучувајќи го и централниот дисплеј, а овој „М3“ е особено вреден бидејќи има шестстепен мануелен менувач наместо „SMG“.

Се очекува за него купувачот да потроши меѓу 60.000 и 70.000 евра.

Додик: Односите меѓу Бања Лука и Сараево можеби се на најлошо ниво

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави денеска дека односите меѓу Бања Лука и Сараево можеби се на најлошо ниво и дека мирот е единствената вредност за која се залага.

Додик истакна дека ситуацијата во БиХ е катастрофална, пренесе новинска агенција на Република Српска.

Тој рече дека претседавачот со Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ, кажува лаги за Република Српска и дека со него не може да се отвори дијалог. /МИА

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Невладината организација „Иран Хјуман рајтс“ денеска соопшти дека од почетокот на годинава во Иран биле егзекутирани 223 лица и го осуди отсуството на фер судење.

Седум лица, меѓу кои две жени, беа обесени денеска во Иран, бидејќи Исламската Република ја зголемува употребата на смртната казна за политички цели, соопшти организацијата со седиште во Норвешка, објави „Фигаро“.

Парвин Мусави (53), мајка на две деца, беше обесена во затворот Урмија во северозападен Иран со пет мажи, од кои сите беа осудени за трговија со дрога, се вели во соопштението на организацијата.

Фатемех Абдулахи (27) е обесена во Нишапур на истокот на земјата поради убиство на нејзиниот сопруг, кој воедно и бил братучед.

Огранизацијата соопшти дека забележала 223 егзекуции годинава, вклучително и најмалку 50 само во мај, по крајот на персиската Нова година и Рамазан во април.

Иран е една од земјите каде што се извршуваат најмногу егзекуции заедно со Кина и Саудиска Арабија. Егзекуциите се вршат со бесење./МИА

Хасани:Руската агресија во Украина останува најкритична закана за мирот и безбедноста во Европа

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани смета дека руската агресија во Украина останува најкритична закана за мирот и безбедноста на европскиот континент и пошироко.

Хасани на меѓународната конференција „Ленарт Мери“ (Lennart Meri) во главниот град на Естонија, Талин изјавил дека „Албанија продолжува со својата јасна и цврста позиција во одбрана на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, во согласност со ставот на ЕУ, НАТО и САД".

-Албанија активно ги поддржува напорите и преземените иницијативи за да се обезбеди целосна одговорност за најтешките злосторства според меѓународното право извршени во Украина. Застанувајќи покрај Украина, Албанија ја поддржува политички, економски и воено, до постигнување праведен и стабилен мир, нагласил тој, јави АТА.

Прашан за улогата на Русија во светската безбедност, министерот Хасани, рекол дека „единствениот победник во овие турбулентни времиња е НАТО, сојузот на вредности и нации кои го сакаат мирот и ги почитуваат правата на народите".

Министерот Хасани остварил средби со премиерката Каја Калас, неговиот естонски колега Маргус Цахкна и шефот на Комисијата за надворешна политика во естонскиот парламент, Марко Михкелсон на кои изразил благодарност за континуираната поддршка на Естонија за процесот на интеграција на Албанија и Балканот во ЕУ./МИА

притисни ентер