Фото: Претставен првиот „Maybach“ кој може да работи на струја

Автомобилот ја има ознаката „Mercedes-Maybach S580e“ каде буквата „е“ во името се однесува на „plug-in“ хибридниот погон. Најголемата и веројатно единствената вистинска иновација се однесува на погонот.

Електрификацијата го натера и „Maybach“ да се „спушти меѓу смртниците“, односно на ниво од шест цилиндри.

Имено, во срцето на погонот е 3.0 линиски шестцилиндричен бензински мотор со 367 КС и 500 Nm, а спарен е со електромотор кој произведува максимални 150 КС и 440 Nm.

Вкупната комбинирана моќност е 510 КС, а вртежниот момент достигнува 750 Nm, што одговара на „обичниот“ „Mercedes S580e“.

Очекувано, перформансите се исти, што значи дека овој луксузен „крусер“ до 100 км/ќ достигнува за 5,1 секунда, а максималната брзина е ограничена на 250 км/ч, односно на 140 км/ч, доколку автомобилот се движи само на струја..

Автомобилот се испорачува со полнач со моќност од 11 kW, додека како опција е достапен и појак од 60 kW. Во вториот случај, батеријата од 28 kWh се полни за само половина час.

Електричниот опсег е 100 км.

Се добива впечаток дека електрификацијата на „Maybach“ се случува некако срамежливо, па единствените знаци на препознатливост на електрифицираната верзија се сините детали во фаровите и отворот за полнење.

Внатре, единствената новина е индикаторот за статусот на батеријата на дигиталната контролна табла.

И една интересна работа. Овој модел ќе дебитира во Кина, потоа во Тајланд и дури потоа ќе дојде во Европа.

До крајот на годината ќе пристигне и првиот целосно електричен „Maybach“, најверојатно базиран на „SUV“ моделот „Mercedes EQS“.

Притвор за осомничен за спречување полициски службеници да фатат побегнат затвореник

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие .

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

- На 2 мај, во куќа на улицата ,,Димката А. Габерот” во Кавадарци, двајца инспектори од МВР преземале службено дејствие – фаќање побегнат затвореник од КПУ Гевгелија, кој бил роднина на сега осомничениот. Затвореникот давал отпор при обидот да биде лишен од слобода за доизвршување на затворската казна, во што сега осомничениот го поддржал, се нафрлил врз еден од полициските службеници, го влечел и го гребел, нанесувајќи му телесни повреди, се вели во соопштението од Обвинителството.

Затвореникот успеал да се ослободи и да побегне, но подоцна бил фатен и вратен во затворот. Осомничениот исто така избегал во прв момент, но бил лишен од слобода, а по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Кавадарци му определил притвор во траење од осум дена, се наведува во соопштението.

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Христовото страдање за човештвото и неговото воскреснување треба да ни помогне заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици. 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по повод големиот христијански празник Велигден до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски-македонски г.г. Стефан и до сите православни верници, посакувајќи празничните денови да поминат во добро здравје, неизмерна радост и среќа, исполнети со духовен мир и хармонија.

-Христовото страдање за човештвото и неговото воскреснување треба да ни помогне заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици. Да се спротивставиме на сите непогоди, да ги победиме искушенијата, да бидеме солидарни едни кон други и да ги отвориме нашите срца за безусловна љубов, сочувство и заедништво, истакнува спикерот Митрески.

На овој Велигден, се нагласува во честитката, да ги искористиме празничните моменти и да споделиме радост и среќа во семејството, помеѓу нашите најблиски, пријателите, познаниците, но и сите оние на кои им е потребна помош и поддршка.

-Да споделуваме, да пружиме рака, да шириме добра мисла и љубов и да му се радуваме на животот. Велигден, како празник на надежта, нека донесе благосостојба и сплотеност во нашите срца за сите, независно на која вероисповед припаѓаат. Заедно да посакаме подобар свет, повеќе емпатија и разбирање, свет без конфликти, со тенденција сите недоразбирања да се решаваат со дијалог и компромис, стои во честитката од претседателот на Собранието Митрески до поглаварот г.г. Стефан и до православните верници.

Швионтек триумфираше во Мадрид откако спаси три меч топки против Сабаленка

Светската тенисерка број еден, Ига Швионтек за прв пат во кариерата ја освои титулата во Мадрид.

Тенисерката од Полска во финалето ја совлада минатогодишната шампионка Арина Сабаленка со 7:5, 4:6, 7:6(7), откако спаси три меч топки.

Натпреварот траеше повеќе од 3 часа, а Швионтек го освои 20-от трофеј во кариерата. Таа има вкупно 30 победи во календарската година и е непоразена во последните 7 финалиња.

Билансот меѓу двете сега е 7:3 во корист на Швионтек.

притисни ентер