Фото: Преставен новиот Мерцедес Г 350 д

Германскиот автомобилски гигант Мерцедес ја престави новата верзија на Г класата, станува збор за моделот  Г 350 д. 

Овој СУВ модел на Мерцедес во дизел варијанта нема да се продава во Северна Америка, германскиот гигант не сака да ризикува поради малата база на купувачи.

Мерцедесот Г 350 д има 3,0 литарски турбо рендек шестак кој генерира 286 кс.

Германскиот гигант тврди дека моделот 350 д до брзина од 100 километри на час може да забрза за само 7,4 секунди и воедно дека неговата максимална брзина изнесува 199 километри на час.

Овој масивен „коцкест“ СУВ според спецификациите троши 9,8 литри на 100 километри.

Џипот Г 350 д има дизел мотор кој доаѓа во пар со 9 – степен автоматик, во внатрешноста е присутна и дигитална инструмент табла.

Драма во Грција: Ќерка до смрт го претепа татко си на Голема Сабота

Жена (49) е уапсена на грчкиот остров Самос под сомнение дека утрово до смрт го претепала својот татко.

Се сомнева дека жената со некаков алат го нападнала таткото и му задала бројни удари кои биле фатални за несреќниот маж, објави Катимерини.

Засега не се знае мотивот за убиството.

Лондонскиот градоначалник Садик Кан со историски резултат на изборите

Актуелниот градоначалник на Лондон освои рекорден трет мандат како прв човек на британската престолнина.

Кан освои историски трет мандат со сите 14 изборни единици во Лондон објавени досега, пренесува Sky News.

Тој ја доби довербата на 43,7 отсто од гласачите.

Неговата конзервативна ривалка Сузан Хол освои 32,6%.

Излезноста била 40,5%.

Во Лабуристичката партија имало стравувања дека резултатите од гласањето ќе бидат многу поблиски поради загриженоста за слабиот одѕив.

Сепак, Кан собрал 1.088.225 гласови, наспроти 811.518 на Хол.

Кан сега е првиот човек кој освоил трет мандат како градоначалник на Лондон.

Православните христијани ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението...

Верниците ги прават последните подготовки, а се подготвуваат и црквите во земјава...

Пред Соборниот храм е Дејан Трајкоски, какви се обичаите за денешниот ден и од колку часот треба да почне вечерната литургија?

притисни ентер