Фото: Посветен на починатиот „брат“

Продолженијата на филмскиот хит серијал „Брзи и бесни“ сигурно нема да бидат исти без починатиот Пол Вокер.

Но, едно е сигурно и во новите филмови сигурно нема да недостасува акција и брзина.

Вин Дизел и Шарлиз Терон на европската премиера во Берлин на новиот филм од серијалот „Брзи и бесни 8 “ му ја посветија на починатиот „брат“ Пол Вокер, кој трагично во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес го загуби животот.

Отворен ден во велешката Гимназија „Кочо Рацин“, најстара во земјава и Балканот

Во дворот на  Гимназија „Кочо Рацин“  деветтооделенците  од  Велес преку стенд ап комедија и музика, годинава првпат наместо штандови се запознаа со предметите кои се изучуваат во гимназијата.

Од септември како новина ќе има и една билингвална македонско-англиска паралелка каде дел од предметите ќе се изучуваат на англиски јазик. Според директорот Илија Попов, овој Отворен ден на гимназијата е поразличен од сите други кои се организирале изминатите години со цел да се привлече поголемо внимание на деветтооделенците и преку забавен карактер да ги претстават активностите на училиштето.

Во забавниот дел настапи оркестар и пејачи - ученички од гимназијата, а во културниот дел актери од велешкиот театар и поранешни гимназијалци кои изнудија голем аплауз и насмевки од присутните деветооделенци и професорите.

На Отворениот дел се претставија и некои од факултетите во земјава,а кои делеа флаери на матурантите.

-Се дружиме заедно со нашите следни ученици и многу сме горди што годинава го променивме концептот на отворениот ден. Наместо штандови, одлучивме да има повеќе музика и преку примери на наши сегашни и поранешни ученици да го претставиме училиштето пред нашите идни средношколци. Нешто со што можеме да се пофалиме од оваа година е тоа што за прв пат отвараме и билингвална паралелка, кадешто учениците дел од предметите ќе ги изучуваат на англиски јазик. Веќе имаме голем интерес и очекуваме таа паралелка да биде нешто што ќе не прави дополнително горди, но не смееме да ги изоставиме и другите паралелки, старата традиција којашто ја негуваме во нашата најстара гимназија, потенцира Попов.

Тој потсети дека велешката Гимназија „Кочо Рацин“ отворена во далечната 1857 година која е најстара гимназија во земјава и на Балканот има трајни вредности кои ги нема во ниту едно друго училиште во земјава.

- Во нашата гимназија учениците за секој предмет којшто ќе го изучуваат следните средношколци нуди квалитет, бидејќи кадарот на професори коишто предаваат во училиштето се причина што се издвојуваат од останатите училишта, потенцира Попов.

Информира дека во изминатата 2023 година ја реновирале спортската сала, гардеробите, направивиле надворешни спортски терени, се обезбедиле интерактивни табли скоро за секоја училница, нагледни средства за секој предмет, нешто со што дополнително вложиле во наставата и сметаат дека ќе придонесе за повеќе квалитетот на образованието.

-Гимназијата е она место каде што може да се понуди успех и ништо повеќе, тоа е и нашето мото по што се водиме и верувам дека и во иднина ќе останеме бренд, бидејќи велешката гимназија со генерации брендот на Велес и на државата. Ќе останеме и понатаму да го следиме аманетот на нашите предци и достојно тоа ќе го правиме, истакна Попов.

Во Драч татко ги држел своите две две деца како заложници и пукал кон полицијата

Во Драч татко ги држел своите две две деца како заложници и пукал кон полицијата со автоматска пушка.

Вистинската драма се одвивала ноќеска во албанскиот пристанишен град Драч, каде лицето Алекс Марку (40) ги земал во заложништво неговите две деца, на возраст од 6 и 11 години и почнал да пука со калашников.

Полицијата била известена од страна на преплашените соседи па на местото на настанот набрзо пристигнале бројни полициски екипи, зајакнати од специјалната единица "Ренеа".

По неколкучасовни преговори полицијата утрово успеала да ги спаси децата и да го уапси осомничениот.

Марку, кој живее во Лежа, изнајмил стан на седум дена и таму ги донел своите две малолетни деца.

Полицијата неколкупати го повикала Алекс да ги пушти децата да се предадат, а тој одбил и со калашников пукал низ прозорецот во правец на полицијата.

Во станот полицијата пронашла калашников, поголема количина муниција и 18 чаури.

Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра

Вкупно осум часовници кои му припаѓаа на легендата на Формула 1 - Михаел Шумахер, се продадени на наддавање во Женева, вчера, за скоро четири милиони швајцарски франци (4,1 милион евра), соопшти аукциската куќа „Кристи'с“.

- Ова ја покажува страста на меѓународните колекционери за исклучителни часовници. Видовме обемна посетеност, особено од Америка, истакна Реми Гилемин, специјалист за часовници на аукциската куќа.

Примерок од „Ф.П. Џурн вагабондејџ“ - споменот за седумте светски шампионски титули во Ф1 на Шумахер, е продаден за 1,6 милиони долари.

Германскиот седумкратен шампион бил страстен колекционер на часовници, сѐ до тешката несреќа на скијање во декември 2013 година, по што тoj не е виден во јавноста. Но, највисоката цена - од 2,7 милиони долари, ја постигна стариот часовник „Патек Филип“ од розово злато.

притисни ентер