Фото: Новиот „Porsche“ 911 спектакуларно претставен на Алпите

Автомобилскиот гигант „Porsche“ го претстави новиот 911 во снежна околина. 

По светската премиера на саемот за автомобили во Лос Анџелес на крајот од ноември 2018 година, осмата генерација на иконата за спортски автомобил беше презентирана на високото подрачје Арејт-Алм во Австрија. Тоа беше првото појавување на возилото по саемот. За оваа цел, прикачен на хеликоптер, новиот 911 полета кон Алм, кој се наоѓа на надморска височина од 1.408 метри.

Новото Порше 911, исто така, ги постави стандардите на иднината, во поглед на ексклузивните спортски карактеристики и непогрешливо имплементирање на дизајнот и добро познатата ДНК на Porsche. Интелигентните системи за контрола на стабилноста и шасијата, како и иновативни системи за помош, ги комбинираат бескомпромисните динамики на класичниот спортски автомобил со мотор во задниот дел со барањата на дигиталниот свет. Сегашните модели Carrera S се опремени со понатамошно развиени турбо мотори со извонредни 331 kW (450 КС). Моќта е испорачана од ново развиен менувач на пренос со двојна спојка и осум брзини. И двата модели S за четири секунди забрзуваат од нула до 100 км/ч. Опремени со опционалниот Sport Chrono пакет, Carrera S со погон на задните тркала забрзува до 100 км/ч за само 3,5 секунди, додека 911 Carrera 4S со погон на сите тркала го комплетира спринтот за 3,4 секунди. Максималните брзини изнесуваат 308 км/ч (911 Carrera S) и 306 км/ч за верзијата со погон на сите тркала.

Презентацијата се одржа пред GP тркатата на мраз на „ Zell am See“. Ова е ново издание на „ледената“ легендарна трка која се одржуваше од 1937 до 1974 година.

Околу 130 учесници беа дел од околу 600 метри долгата патека на мраз специјално направена на спортскиот аеродром во Зел. Меѓу тркачите беа и победникот на Ле Ман - Ханс-Јоахим Штук, како и бренд амбасадорите на Porsche - Марк Вебер и Валтер Рерл.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

притисни ентер