Фото: Нови убавици на календарот на Пирели

Во 2016 година календарот на славниот Пирели ги славеше достигнувањата надвор од модата, во улога на манекенки се појавија најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс и Ами Шумер.


Пирели одлучи на календарот за 2017 година да биде во знакот на наградени актерки.

На страниците на новиот календар на Пирели ќе се најдат славните актерки Никол Кидман, Пенелопе Круз и Лупита Нјонг. Пред фотографот на Пирели, Петер Линдберг позираа и Ума Турман, Кејт Винслет, Алисиа Викандер, Џулијан Мор, Џесика Частин , Робин Врајт и Хелен Мирен.

Германскиот фотограф Петер Линдберг по трет пат е фотограф за еден календар на салвниот Пирели.

-Овој календар е многу значаен поради тоа што веќе нема голотија и не сте под притисок дека мора да направите нешто со своето тело. Убавината денес е навистина извртена од комерцијални причини, по што луѓето мислат дека е убаво она што го гледаат на рекламите и во списанијата, се тоа се ретуширани убавици, изјави Линдберг.

Популарните актерки се фотографираа на локации во Берлин, Лондон, Лос Анџелес, Њујорк и на други места.
Инаку првиот календар на Пирели е објавен во далечната 1963 година.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер