Фото: Најубаво облечени жени во 2016 година

Тие се најубаво облечените жени во 2016 година. Модниот магазин „Вог“ ја објави листата на најубаво облечени жени во годината што изминува.

Титулата „Најстилизирана жена на светот за 2016 година“ ја понесе убавата манекенка Џиџи Хадид.



На втората позиција е војвотката од Кент, Кејт Мидлтон, која при секое појавување во јавноста воодушевува со својот стајлинг.



На третата позиција е првата дама на САД, Мишел Обама. Четврта на листата на Вог е британската премиерка Тереза Меј.



Убавата американска актерка Ема Стоун е петата најдобро облечена жена во 2016 година. Шеста е светската музичка ѕвезда Ријана.






Во топ десетте најдобро облечени дами се и актерката Маргот Роби, нејзината колешка од Шведска, Алисија Викандер, британската ТВ ѕвезда Фелисти Џоунс и Емили Блант.

Гнабри неизвесен за ЕУРО2024 поради повреда на тетивата

Напаѓачот на минхенски Баерн и на германската репрезентација, Серж Гнабри ја повреди тетивата, што ќе го остави надвор од теренот до крајот на сезоната, а би можел да го пропушти и настапот на ЕУРО 2024 на домашен терен, објави денеска баварскиот клуб

Гнабри се повреди во средата во поразот од Реал Мадрид во полуфиналето во Лигата на шампионите и ќе ги пропушти последните два натпревари во Бундеслигата во сезоната, се вели во соопштението на неговиот клуб.

Баварците не прецизираа колку време ќе отсуствува 28-годишниот фудбалер, но за рехабилитација од ваков тип на повреда вообичаено се потребни неколку недели.

Гнабри, кој последен пат играше за репрезентацијата во ноември во поразите од Турција и Австрија, веќе неколку пати оваа сезона беше надвор од терените поради проблеми со колкот, скршеница на подлактницата, кратко боледување и проблеми со мускулите.

Германија го отвора ЕУРО 2024 против Шкотска на 14 јуни. /МИА

Волстрит џурнал: САД ќе ги зголемат тарифите за кинеските електрични возила

САД планираат да ги зголемат тарифите за кинеските производи за чиста енергија, јавија американски медиуми, при што се очекува да се зголемат давачките за електричните возила приближно четирипати.

Тој потег, како што објави Волстрит џурнал, доаѓа на крајот на долгоочекуваната анализа на царините што беа наметнати за време на трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг. Тогашниот претседател Доналд Трамп воведе царини на стоки од Кина во вредност од околу 300 милијарди долари.

Официјалните лица оттогаш иницираа преглед на активностите, при што од трговскиот претставник на САД се бара да го разгледа влијанието на давачките -- првпат воведени во 2018 година -- по четири години.

Одлуката, што се очекува во наредниот вторник, според извештаите, ќе дојде додека претседателот Џо Бајден се подготвува за реванш со Трамп на претседателските избори во ноември.

Минатиот месец тој побара тројно зголемување на тарифите за кинескиот челик и алуминиум додека држеше говори во државата Пенсилванија.

Тарифната стапка за електричните возила, исто така, треба да се зголеми од 25 проценти на околу 100 проценти, се додава во извештајот./МИА

Палестински власти: Гласањето во ОН покажува дека „Палестина заслужува полноправно членство“

Палестинските власти велат дека гласањето во ОН покажува дека „Палестина заслужува полноправно членство“

Палестинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека гласањето на Генералното собрание на ОН за давање дополнителни права на Палестинците во светската организација покажало дека тие заслужуваат „полноправно членство“.

Гласањето „потврдува дека Палестина ги исполнува сите барања пропишани во Повелбата на Обединетите нации... Така таа заслужува, и е квалификувана да добие полноправно членство во Обединетите нации“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Палестинската управа. /МИА

притисни ентер