Фото: Ќерката на Анџелина и Бред, се помалку личи на девојче!?

Ќерката на разведените холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, 12- годишната Шајло Нувел се помалку личи на девојче, таа од домашните бара да и се обраќаат во машки род.?!

Инаку, Бред и Анџелина по разводот никако не успеваат да се договорот околу старателството на нивните шест деца: Најверојатно последниот збор ќе го има судот. Во очекување на првото рочиште мама Анџелина го минува времето во друштво на своите деца. Холивудската убавица е фотографирана во друштво на нивните три биолошки деца.

Шајло Нувел која е родена во 2006 година е најстарата ќерка на славниот пар . Таа отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста и медиумите поради тоа што уште од две години е воспитувана и чувана како момче. По последните фотки на Шајло многумина констатирале дека таа се повеќе личи на момче.

За 12- годишната ќерка на Бред и Анџелина велат дека уште од мала сакала да се облекува како момче и инсистирала домашните да и се обраќаат во машки род. Како минуваат годините таа се повеќе личи на момче, што поради кратката коса, што поради машката облека која ја носи. Уште еднаш е потврдено дека нејзината желба не била само детски хир.

Шајло и мама Анџелина се шетаа заедно со близнаците Нокс и Вивиен кои Бред и Анџелина ги добија во 2008 година.

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„Ја слушнавме и прифативме пораката која ни ја упативте на 24-ти април. Го имавте тоа право и слобода да ни ја испратите таа порака во фер и демократска атмосфера, која грижливо ја градевме седум години“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„На избирачките места не ве принудувавме да климате со главата, кога на ВМРО ДПМНЕ идеалот им беше од типот на 'човечињата идаат и гласаат и ќутат' - имавте можност својот глас да го дадете без страв и уцени. Слободно!“, се порачува во видеото.

„Демократијата не напредува во молк и согласување, со уцени и закани, таа бара дијалог, со вас, граѓаните. Затоа и ве слушаме, ги прифаќаме критиките, се поправаме. Ние сме партија која работи и греши, но и се поправа, а за тоа имаме јасен план и програма. А тоа нема сами да го направиме, во коалиција сме со вас за да ги одбраниме нашите европски вредности и нема да се откажеме од борбата за напредна и прогресивна Македонија“, се вели во видео обраќањето на Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог.

Русија поднесе нацрт-резолуција во ОН со која ги повикува сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената, една недела откако Москва стави вето на резолуцијата на САД и Јапонија за ставање крај на трката со вооружување во вселената.

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог, повикувајќи не само на напори да се запре распоредувањето на оружје во вселената, туку и да се спречи „заканата или употребата на сила во вселената“.

Нацртот вели дека ова треба да вклучи распоредување оружје „од вселената против Земјата и од Земјата против објекти во вселената“. /МИА

Собранието на Косово ќе разгледува нацрт-резолуција за извештајот на Стејт департментот

Собранието на Косово денеска на предлог на опозицијата ќе ја разгледа нацрт-резолуцијата што се однесува на наодите од извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата во Косово.

Опозицијата и власта имаат различни оценки за тој извештај, а пратениците од владејачката Самоопределување веќе најавија дека нема да гласаат за предложената резолуција.

На дневен ред на денешната седница што треба да започне во 11:00 часот има 22 точки на дневен ред.

Како што претходно оцени Косовскиот демократски институт, парламентот се соочува со хроничен недостаток на кворум, поради што одредени точки не се усвојуваат со месеци, јави Бета. /МИА

притисни ентер