ФордМустанг е веројатно најпознатиот американски автомобил, што не треба да не чуди ако се земе предвид дека овој модел е на самиот врв на светската продажба на спортски автомобили.
Електричниот кросовер кој го користи името и симболот на Мустанг не наштети на овој имиџ. Покрај тоа, Мустанг наскоро би можел да стане под-бренд на Форд, што значи повеќе модели со силуета на коњ на предниот дел од автомобилот.
Повеќето гласини се за седан или купе со четири врати. И ако се прашувате како тоа би можело да изгледа, „Sugar Design“ дава одличен увид.
Форд претходно случајно објави скица на седанот Мустанг, па оваа приказна дефинитивно има некаква основа.
Она што не е познато е дали Форд повторно ќе игра исклучиво на електропогонот или сепак ќе ја задржи класичната понуда со „V8“ мотор.