Фото: Јелена Розга на почетокот на кариерата

Балканската музичка ѕвезда Јелена Розга според многумина е една од најубавите и најсексапилни пејачки во регионот.

Убавата Розга сериозната музичка кариера ја започнала во 1996 година како пејачка на групата „Магазин“.Нејзината самостојна кариера започна десетина години подоцна.

Јелена еден од првите свои настапи го имала на само 17 години во Сплит на музички натпревар на аматери- „Звуците на Јадран“, на кој ја освоија наградата „Златна Госпа“ за најдобра интерпретација на песната „Ти си жеља мог живота“.

Во Дебар до 11 часот гласале 4 отсто за претседателските и 6 отсто за парламентарните избори

Во Дебар до 11 часот гласале 4 отсто за претседателските и 6 отсто за парламентарните избори, во Центар Жупа гласале 4,67 односно 4,73 отсто.

Изборниот тек од вториот круг од претседателските избори, како и парламентарните избори во Дебар и Центар Жупа се одвива нормално, со зголемена излезност на граѓаните кои го остваруваат нивното граѓанско право, потврдуваат од општинските изборни комисии.

Во општина Дебар, до 11 часот гласале 802 лица или 4 отсто од вкупно запишаните 19.269 за претседателските избори, односно 1184 лица или 6 отсто од запишаните 19.334 за парламентарните избори. Во првиот круг од претседателските избори на 24 април излезноста беше 5 отсто.

Зголемена излезност е забележана и во општина Центар Жупа, каде до 11 часот на претседателските избори, од вкупно запишаните 7368 гласале 345 или 4,67 отсто. Во првиот круг, на 24 април, излезноста беше 4,47 отсто.

На парламентарните избори правото на глас во Центар Жупа го искористиле 349 или 4,73 отсто од 7383 лица, колку што се во избирачкиот список.

Во општина Дебар има 27 избирачки места и 16 во соседната општина Центар Жупа.

Гринвуд трансфер цел на Барселона

Претседателот на шпанскиот прволигаш Хетафе, Анхел Торес, откри дека неговиот колега од Барселона, Жоан Лапорта е заинтересиран за напаѓачот Мејсон Гринвуд. 

Фудбалерот е во сопственост на Манчестер Јунајтед и оваа сезона настапува како позајмен фудбалер во Хетафе.

„Лапорта ме праша за Гринвуд. Тој располага со некои информации“, рече претседателот на Хетафе.

Според англиските медиуми, Манчестер Јунајтед има намера да се раздели со Гринвуд ова лето, а за фудбалерот беа заинтересирани Атлетико Мадрид и Јувентус.

МПЦ-ОА: Почитувани верници и граѓани ве повикувам на масовна излезност и гласање

Почитувани верници на Македонската православна црква и сите граѓани,  Ве повикуваме да излеземе  масовно и да гласаме

Почитувани верници и граѓани на Р Македонија,

Изборите се демократски чин преку кој ја изразуваме својата суверена волја. Секој изборен процес е важен, но овие избори се од суштинско значење, како за опстојот така и за сегашноста и иднината на народот и државата.

Изборите се можност кои ни се дадени за да учествуваме во креирањето на сопствената сегашност и иднина, а со тоа и иднината на поколенијата по нас. Слободната волја и правото на избор се дар од Бога дадени секому. Па, наша должност е да го искористиме и овојпат тоа право!

Затоа, почитувани верници на Македонската православна црква и сите граѓани, Ве повикуваме да излеземе масовно и да гласаме!

Бог да ја благослови Македонија!

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -

ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

СКОПСКА ЕПАРХИЈА

притисни ентер