Фото: Јане во Обединетите Нации - Мене не ми смета мојата пречка, туку ми сметаат пречките од околината

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата попреченост испрати силна порака до светските лидери во своето обраќање во Обединетите нации. 

Во продолжение целиот говор на Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост на панел дискусијата – Да не изоставиме ниедно дете: за секое дете, сите права на собирот на високо ниво во Генералното собрание на Обединетите нации "Триесет години од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето и одбележување на Светскиот ден на детето" што се одржа на 20 ноември 2019 во седиштето на Обединетите нации.

"Многу сум среќен што сум денес овде. Јас сум роден со спинална мускулна атрофија, и поради тоа се движам со количка која ја викам Формула. Но моите родители од мал ме учеа дека можам да правам се што можат и другите, само на поинаков начин. Како што растев - тоа стана и мое правило - да правам се и да уживам во животот.

Одам во училиште и имам многу другари. Учам, шетам, играм, но мојата најголема страст е фудбалот. Јас го засакав фудбалот од мал и играм фудбал секогаш кога можам. Тоа ми дава сила и енергија и ме прави среќен.

Фудбалот ми помогна да се борам за да добијам терапија, ме поврза со многу славни личности и ме направи голем борец за еднаквост во спортот. Јас верувам дека сите на светот можат да играат фудбал без разлика како играат. Битно е да се еднакви и да се почитуваат.

Јас се сметам за еднаков со сите, така и се однесувам, и така треба сите да се однесуваме. Но не е лесно кога си во количка бидејќи има многу пречки на патот.

Мене не ми смета мојата пречка, туку ми сметаат пречките од околината. Ме нервира кога сум спречен да одам негде ако нема рампа или ако нема превоз за мене и родителите мораат да ме носат. До сега бев мал па родителите ми помагаа и ги отстрануваа пречките за мене. Но сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен.

Децата како мене сигурно исто се чувствуваат и би сакал да им порачам- да бидат упорни и никогаш да не се откажуваат од својот сон. Треба да ги рушат бариерите каде што ги има, а да прават добри работи каде што ги нема.

А на возрасните сакам да им порачам- треба да направите се за правата на децата, и отстранете ги сите бариери. Да нема дискриминација!"

(Ново) ДИК: Силјановска Давкова 235.552, Пендаровски 111.703

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 51.60% од избирачките места, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 63,42% од гласовите или 235.552 гласови. Стево Пендаровски освоил 111.703 гласови или 30,07%.

Хаос на улиците на Париз: Се судрија навивачите на Борусија и ПСЖ, летаат факели (ВИДЕО)

Улиците на Париз синоќа не беа безбедно место поради судир на навивачи на Борусија Дортмунд, со навивачите на Пари Сен Жермен.

Екипите го одиграа својот натпревар синоќа, а екипата на Борусија се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со победа од 1:0, односно вкупни 2:0.

По ова следеа нереди на улиците, каде се судрија навивачи на едната и на другата страна.

На видеото подолу можете да видите како од двете страни летаат факели, огномети, прскалки и топовски истрели.

притисни ентер