Фото: Хурем на одмор во Дубровник

Популарната турска актерка со германско потекло Мерјем Узерли, во нашата земја најпозната по улогата на Хурем во серијата „Величествениот “ која се емитуваше на Канал 5, се одмара во Дубровник.

Убавата Хурем редовно фановите на социјалните мрежи ги информира за своите активности.

-Знаете што?Мојата прабаба е од Хрватска, нашиша популарната актерка под фотката од Дубровник.

Инаку 34 годишната Мерјем серијата поради која стана позната и мегапопуларна ја напушти поради здравствени проблеми.

Инаку во моментов таа како самохрана мајка живее во родниот Берлин заедно со ќерката Лара.

На одморот во Дубровник заедно со Мерјем е и нејзината пријателка познатата турска водителка Назли Селик.

Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје.

- Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос. Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа.

Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна - навистина воскресе“.

Владејачката партија на претседателот на Того убедливо победи на парламентарните избори

Владејачката партија во Того убедливо победи на парламентарните избори во земјата, освојувајќи 108 од 113 места во Парламентот, јавија светските агенции, повикувајќи се на конечните неофицијални резултати од гласањето во оваа африканска земја.

Според агенциите, огромната супериорност на партијата Сојуз за Републиката на претседателот Фор Гнасингбе дојде откако претходниот парламентарен состав одобри уставна реформа со која се смени формата на државното управување од претседателска на парламентарна.

На тој начин, наведуваат агенциите, Гнасингбе, кој владее 19 години, може да остане на власт, потсетувајќи дека опозициските партии кои ги бојкотираа претходните избори се надеваа на повеќе места во Парламентот.

Духот на Горан Стефановски во Тирана

Албанскиот театар од Скопје на покана од Културно - информативниот центар на Република Македонија, во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски.

-Духот од Горан Стефановски во неговиот текст, неговата модерност и актуелност на вистински начин ја почувствува тиранската публика во театарот АРТурбина, благодарение на маестралната игра на глумците од Албанскиот театар Скопје, сцените се редеа како на филм. Публиката имаше впечаток, како денес во Тирана да се случиле настаните од пиесата. Час и половина, публиката со големо внимание и во потполна тишина го следеше секој збор од текстот и актерската игра на нашите актери, кои на крајот, беа наградени со огромен и долг аплауз, соопштија денеска од Културно - информативниот центар.

Директорот на КИЦ Златко Ориѓански, потсетува дека текстот „Диво Месо“ од Горан Стефановски, беше напишан и изведен далечната 1979 година. За својата драма Горан Стефановски ќе каже: Кога ја пишував пиесата „Диво месо“ мислев дека таа се однесува на минатото. Сега гледам дека се однесувала на иднината“.

-После претставата, нашите актери, заедно со своите колеги од тиранските театри беа во посета на македонскиот Културно Информативен центар, каде до доцна во ноќта се разговараше за претставата и текстот на Горан Стефановски, посочува Ориѓански.

Културно - информативниот центар во Тирана на 10 и 12 мај, продолжува со својте активности. На Тиранскиот џез фестивал ќе настапат ПМГ Џез СЕТСТАТ и новоформираниот биг бенд, НАЦИОНАЛЕН ЏЕЗ ОРКЕСТАР од Скопје.

притисни ентер