Фото: Филмот „Врба" на Манчевски се снима на локации низ Скопје

Вчеравечер, во центарот на Скопје се снимаше една од најефектните филмски сцени за најновиот долгометражен игран филм „Врба" во режија на Милчо Манчевски, а во продукција на Банана филм.

Филмскиот сет беше отворен за македонските медиуми, кои можеа да посведочат на работната и беспрекорно креативна атмосфера во која беа вклучени поголемиот дел од актерите, кои играат во филмот.

Во Скопје синоќа падна пороен дожд, вештачки произведен за филмската сцена која се снимаше и во која актерот Петар Мирчевски во улогата на Ставре „доживува сообраќајна несреќа", по која беше однесен со амбулантно возило во болница.

На сетот покрај режисерот и неговиот посветен тим зад камерите, беа присутни младите актери Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Тино Костадиновски... и секако актерскиот ветеран Петар Мирчевски, кој игра и во претходните четири играни филмови на Манчевски снимени во Македонија. Ова е негова петта соработка со најтрофејниот македонски режисер по кој повод изјави:

„Ова ми е петти филм со Милчо Манчевски. Играв во „Пред дождот", „Прашина, „Мајки" и во „Сенки". Ние сме практично како режисерското – актерско дуо Скорсезе и Де Ниро. Ако не му е срам во следните негови филмови нека не играм", шеговито изјави Петар Мирчевски.

Синоќа, македонските медиуми имаа шанса да погледнат филмски сет на кој се работеше во беспрекорна тишина, посветеност, врвна професионалност и синхронизираност, својствено како и за сите досегашни филмови на Манчевски.

Врба е љубовен филм за денешни и дамнешни души. Испреплетени приказни за љубов и доверба – од македонското средновековие и од македонската сегашност - се огледуваат и се во контраст една со друга. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба" имаат слични грижи, радости и соништа.

Во Скопје деновиве се снима современиот, урбан дел од филмот, откако заврши снимањето на делот од 17 век. Режисерот Манчевски на паузата од сетот за медиумите изјави дека штотуку се вратил од 17 век каде што, рече, си поминал многу убаво со ликовите Донка и Милан.

На прашањето зошто избрал љубовна приказна, одговори дека тоа е приказна која посакала да биде раскажана и дека често приказните сами го избираат него, а не тој нив.

„Никогаш не постои ниту само историски, ниту само љубовен или само политички филм. Ако е добар филмот или ако е добар романот, тогаш тие се секогаш повеќе работи во исто време. Секогаш се покомплексни и раскажуваат за различни работи во исто време. Врба е филм, кој долго време го чував во себе, а почна да се дефинира пред 4 години, приказните беа подготвени да се филмуваат мината година, и еве годинава веќе ги снимаме, за догодина филмот да биде подготвен да се прикажува во кино", изјави Манчевски.

Актерката Наталија Теодосиева, која го игра ликот на Родна во филмот изјави:

„Родна е лик од современата приказна во филмот, дејствието се случува во Скопје, овде и сега. Таа потекнува од типично македонско семејство, се вљубува во еден искрен, срамежлив и голем човек и со него планира семејство. Сепак се појавуваат проблеми, врзани со желбата за дете и понатамошната борба за потомство..."

Инаку, шестиот по ред долгометражен игран филм „Врба" на Манчевски започна да се снима на 25 октомври во близина на прилепското село Крушевица. Во првите неколку недели филмот се снимаше во живописните мариовски села Штавица, Дуње и Зович, на Трескавец и во Преспанскиот Регион.

По девет години, ова е прв филм што Манчевски го работи во Македонија.

Главните улоги во филмот ги играат: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и веќе искусната Камка Тоциновски. Покрај нив во филмот играат и Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ и други.

Директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош (Támas Dobos), дизајнер на продукција е долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс (David Munns), за костимите се задолжени Жаклина Крстевска и Ѓерѓи Сакач (Györgui Szakács) од Унгарија, асистент на режија е Никола Ивановиќ од Србија, а кастинг директорка е Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а извршен продуцент е Ник Пауел (Nik Powell) од Велика Британија, легендарниот коосновач на „Вирџин рекордс" заедно со Ричард Брансон.

Филмот е во продукција на „Банана филм" и е македонско - унгарско – белгиска копродукција, со учество и на Албанија.

Снимањето на филмот ќе трае до првата половина од декември.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер