Фото: Девојката на најсилниот човек на светот

Сопругите и девојките на познатите спортисти отсекогаш привлекувале внимание, но последниве денови за јавноста е интересна девојката на најсилниот човек на светот Лери Вилс. 

Станува збор за убавата и атрактивна Србинка, од Нови Пазар, Шејла.

Таа е поубавата половина на бодибилдерот и најсилниот човек на светот Лери Вилс,кој потклекна пред нејзиниот шарм.

Само на Инстаграм Лери го следат 3,6 милиони луѓе, а во морето фотографии од натпревари и од напорни тренинзи се чини дека омилени му се оние со Шејла.

На фотките на кои во преден план е убавата Шејла, следбениците на Лери најмногу се воодушевени од ставата на српската убавица. Некој одф нив дури ја споредуваат и со нјапознатата американска старлета Ким Кардашијан.

Инаку, Лери и Шејла се запознале во Дубаи, каде што живеат во моментов.

Во Велика Британија, прекршителите ќе носат електронски уреди против алкохол за празниците

Околу 3.800 престапници ослободени од затвор или осудени на општествено корисна работа во Велика Британија ќе бидат опремени со електронски алки на нога за да не пијат алкохол за време на празниците, соопшти денеска владата во Лондон.

Овие уреди за следење, кои ги носат поединци на кои судот им наредил да се воздржат од алкохол, за прв пат беа користени во 2020 година. Системот го мери нивото на алкохол во потта и ги предупредува судските службеници доколку тој што го носи консумирал алкохол. Тажната реалност е дека криминалот поврзан со алкохолот, како што се семејното насилство и јавниот неред, го достигнува врвот на Божиќ, изјавил неименуван британски функционер..

МЗШВ: Исплатени 625.043.081 денари субвенции за растително производство

Кон 32.798 земјоделци денеска се исплатени 625.043.081 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оттаму додаваат дека продолжува тековната исплата на финансиска поддршка и денеска кон земјоделците.

-Плаќањето се изврши кон 23.626 корисници во износ од 392.148.316 денари за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, појаснуваат од Министерството.

Дополнително, нагласуваат, се исплатени средства кон 9.172 корисници во износ од 232.894.765 денари за мерка 1.2 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за употреба на сертифициран семенски материјал, освен за тутун, како и за употреба на сертифициран или несертифициран семенски материјал за ориз.

Стопанската комора и Фискалниот совет потпишаа договор за соработка

Партнерски однос за економски развој.

Стопанската комора на Македонија и Фискалниот совет на Република Македонија потпишаа договор за соработка, со кој се поставува основа за редовна комуникација и партнерски однос во клучни области како што се макроекономските движења, монетарната и фискалната рамка и управувањето со јавните финансии.

Целта, како што соопштија од Стопанската комора на Македонија, е да се зголеми взаемната информираност во функција на максимизирање на предвидливоста на бизнис амбиентот за економските субјекти.

Договорот, кој го потпишаа претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на Фискалниот совет, Глигор Бишев, предвидува размена на податоци, анализи, извештаи и мислења што се од взаемен интерес, што ќе овозможи подлабока координација меѓу двете институции. Исто така, договоренa е можноста за заедничко учество во проекти, програми и анализи.

-Двете страни ќе соработуваат во организирање обуки, едукативни настани и работилници на теми кои ги засегаат актуелните економски предизвици. Соработката ќе вклучува и меѓусебна стручна поддршка со цел пронаоѓање најповолни решенија за сложените економски прашања со кои се соочува државата, се наведува во соопштението.

Фискалниот совет е избран од страна на Собранието. Станува збор за независно тело чија цел е да дава независни стручни мислења за фискалните политики и стратегиските документи и извештаи, како и да го надгледува спроведувањето на фискалните правила, заради обезбедување макроекономска стабилност и фискална одржливост.

Првиот состав на Фискалниот совет го сочинуваат: (претседател) проф. д-р. Глигор Бишев, по предлог на Народната банка и членовите: академик Абдулменаф Беџети, предложен од МАНУ и д-р Марина Трпеска, редовна професорка на Економскиот факултет на УКИМ, предложена од Државниот завод за ревизија.

притисни ентер