Фото: „Cybertruck“ забележан со челични тркала

Прототипот на „Cybertruck“ на „Tesla“ е забележан со нови челични тркала.

Сајтот „Cybertruckownersclub“ се обидува да ги „улови“ промените на бета верзијата на прототипот кој допрва треба да започне со производство.

Нов прототип на „Tesla Cybertruck“ е забележан во фабриката во Фремонт со еден куп мерачи кои се користат како дел од тестирањето на шасијата пред почетокот на производството, а за прв пат е виден на челични тркала.

Денеска ќе се одржат „Беломорски Видувања",средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија

Во Скопје денеска ќе се одржат третите по ред „Беломорски Видувања", најмасовна средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Како што соопштија организаторите на средбата, на настанот најавено е присуство над 500 гости, меѓу кои и претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, преставнци на црквата, министри, градоначалници, претседателот на МАНУ, историчари, општественици...

Претпладне сончево, попладне наместа облачно со краткотраен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. 

Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Од УХМР информираа дека во Скопје времето ќе биде сончево со умерена, а попладне зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Сообраќајот на патиштатa се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопштија од АМСМ.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер