Фото: Близначки заљубени во фитнес!!

Близначките Жилијан и Ајлин Рајнхарт се вљубенички во фитнес, кои на Инстаграм имаат повеќе од 70 000 следбеници.

Атрактивните близначки редовно на социјалните мрежи објавуваат фотографии од своите соврешени тела и делат совети за исхраната и вежбањето.

Неодамна убавите близначки одлучија да покажат и како светлото може да влијае на изгледот на телото на една фотографија.

Жилијен и Ајлин објавија фотографија направена во две различни осветлувања со што открија дека на Инстаграм не е секогаш онака како што изгледа.

-Претходно го избегнувавме сонцето додека се фотографиравме, поради тоа што ги нагласува целулитот и стриите. Но, сега ние ги сакаме нашите тела на секот светло. Нема повеќе сокривање на нешто што е природно. Сакајте си го телото и носето облека каква што сакате, напишаа атрактивните близначки.

Јокиќ: Минесота е одличен и талентиран тим, ќе се бориме до крај

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ изјави дека Минесота е голем и талентиран тим, но истакна дека Нагетс ќе се борат за пласман во следната фаза од плејофот во НБА лигата, пренесуваат американските медиуми.

Минесота вечерва го победи Денвер со 106:99 и поведе со 1:0 во полуфиналето од плејофот на Западната конференција на НБА.

-Тие се одличен тим, талентирани. Покажаа зошто беа први на табелата во поголемиот дел од оваа сезона, изјави Јокиќ на прес-конференцијата по натпреварот.

Српскиот ас на прес-конференцијата се пошегува кога го прашаa што треба да се поправи и што да прави бидејќи играчите на Минесота постојано му се менувале во одбрана.

-Би сакал да имам клон, знаеш, да излезам да одморам и тој да игра. Потоа се враќам свеж. Ми ставија високи играчи, добри скокачи, дефанзивци... Беа агресивни. Јас сум среќен со ударите што ги упатив, некои не, но тоа е кошарката, ќе се обидеме да ги победиме во следниот натпревар, додаде Србинот.

Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – гол и пет асистенции

Мајами веројатно беше разочаран од НБА тимот кој беше елиминиран на стартот од плеј-офот, но затоа уживаат во фудбалскиот тим и вештините на Лионел Меси. 

Интер ја задржа лидерската позиција во Источната конференција и по 12. коло декласирајќи го Њујорк Ред Бул со 6:2 во дербито, со гол и пет асистенции на Меси и „хет-трик“ на Луис Суарез.

Водството на гостите од Њујорк на полувремето (Ванциер 30), го инспирираше Лео Меси да испише историја на МЛС. На Рохас му „сервираше“ два гола (48, 62), во меѓувреме донесе предност (50), а потоа трипати му испрати асистенција на Луис Суарез (69, 75, 81). Тој стана првиот играч во сезоната со 10 постигнати голови и прв играч во историјата на оваа лига со пет асистенции на еден натпревар.

Голот на Емил Форсберг во седмата минута од судиското надополнување ни малку не го расипа славјето.

Откако се опорави Меси, Интер е незапирлив, води на Истокот по 12 меча со 24 бода, Синсинати има три помалку и меч помалку. Торонто е трет со 19, а Њујорк останува четврти со 17 бодови.

Џафери: Обединети да продолжиме да ја унапредуваме државата и да осигураме благосостојба

Задоволство ми е во име на Владата на Република Македонија и во мое име, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово - Велигден.

Претседателот на Техничката Влада на Република Македонија, Талат Џафери, во име на Владата и во свое име, испрати телеграма со честитки за најголемиот христијански празник, Воскресение Христово - Велигден, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, до православните верници и до сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.

-Задоволство ми е во име на Владата на Република Македонија и во мое име, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово - Велигден, Вам, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот. Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро, е благословена човекова определба, и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата, се наведува во честитката.

Особено, како што се посочува, во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба, потребни се повеќе од кога било пораките на надеж, единство и верба во тоа заедничко добро, засновано врз практикувањето на универзалните вредности како што се хуманоста, солидарноста, одговорноста и взаемната почит.

-Вашата улога има голема одговорност и јас Ви посакувам мудрост во исполнувањето на благородната мисија. Ви пожелувам празникот да го поминете во добро здравје, спокој во душата и среќа меѓу саканите, а со разбирање, меѓусебна почит и обединети, да продолжиме да ја унапредуваме Република Македонија и да обезбедиме благосостојба денес и за идните поколенија, стои во честитката од техничкиот премиер Џафери до поглаварот на МПЦ - ОА, г.г. Стефан.

притисни ентер