Фото: Арапски „ѕвер“ на тркала

На автомобилскиот саем во Дубаи дебитираше хипер- автомобил од Обединетите Арапски Емирати.

Во земја во која европските супер- автомобили се омилени кај богаташите, направен е првиот локален таков автомобил.

Екстравагандниот автомобил со ознака Ајлани Дракума е инспириран, очекувано, од Ламборџини.

Основачот на компанијата Бешар Ајлани најавил дека неговиот првенец Дракума ќе биде произведен во ограничена количина од 99 примероци. Дракума е остварување на сонот на Ајлани да направи ново Пагани, а првиот дизајн е направен уште пред пет години.

Арапскиот „ѕвер“ на тркала во себе има ист мотор како кај Бугати Вејрон супер спорт, 8.0 литарски со 1.200 коњски сили.

Шасијата е направена од карбон влакна а вратите се отвораат во стил на „змејски крилја“, ни за сега овој автомобил е прикажан само со затворени врати. Нема ниту фотографии од ентериерот, сите стакла на премиерата во Дубаи биле затемнети, што најверојатно значи дека произведувачот веројатно се уште не ја завршил внатрешноста на возилото.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во посета на Франција

Ниту една од двете цели нема да биде лесно да се постигне за време на дводневниот престој на Си Џинпинг во Франција и во услови на растечки трговски тензии меѓу Европа и Кина, пренесуваат светските агенции.

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ќе пристигне во посета на Франција, при што францускиот претседател Емануел Макрон ќе се обиде да се договори со него за намалување на трговскиот дисбаланс и да влијае врз него да го искористи своето влијание врз Русија во врска со војната во Украина.

Ниту една од двете цели нема да биде лесно да се постигне за време на дводневниот престој на Си Џинпинг во Франција и во услови на растечки трговски тензии меѓу Европа и Кина, пренесуваат светските агенции.

Франција ја поддржува истрагата на Европската унија за извозот на електрични возила од Кина, а во јануари Пекинг почна истрага за увоз на бренди, кој главно се произведува во Франција, што се смета за контрамерка на зголемениот број европски истраги.

Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам

 Австралиската полиција соопшти денеска дека 16-годишен тинејџер бил убиен во интервенција на полициските службеници, откако доцна синоќа избодел со нож маж во Перт, главниот град на Западна Австралија.

Има сомневање дека 16-годишникот, вооружен со кујнски нож, бил радикализиран преку Интернет, а нападот укажува на тероризам, соопштија локалните власти.

„Нападот во предградието Вилетон имаше знаци на тероризам, но сè уште не е прогласен за терористички чин. Во оваа фаза се чини дека напаѓачот дејствувал сам“, изјави премиерот на Западна Австралија, Роџер Кук на прес-конференција во Перт.

Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина

 Италија останува на ставот дека нејзините сили нема да се мешаат во вооружениот конфликт во Украина, бидејќи во случај на натамошна ескалација, Рим би изгубил многу, изјави синоќа италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето.

Во интервју за „Кориере дела сера“ тој истакна дека смета оти на Украина требало да и се помогне да избегне конфликт преку дипломатија и дијалог.

„Нашиот став не се менува, секогаш сме велеле дека треба да и се помогне на Украина и тоа го правиме, но ја исклучуваме можноста за директна интервенција на нашата армија во конфликтот“, рече Кросето.

притисни ентер