Форумот на жените на Коалицијата „ВЛЕН“ во Скопје одржа регионална конференција

Форумот на жените на Коалицијата „ВЛЕН“ одржа регионална конференција на темата „Жените во процесите на донесување на одлуки како елемент на демократијата“. 

На ова конференција учествуваа учесници од Коалицијата „ВЛЕН“, како и кандидатките за пратенилки од коалицијата, а дополнително како специјална гостинка беше поканета Министерката за Правда во Косово, Албулена Хаџиу, воедно и претседателка на форумот на жените на Самоопределување, како и Ардита Саќипи член на раководството на ПВД Прешево.

Хаџиу и Саќипи ја оценија работата на нивните колешки од Македонија, меѓутоа тие поттикна за гласот на жените да биде погласен внатре во политичките партии и истото да се унапреди во државните институции.

Оваа конференција имаше за цел да се поддигне свеста, достоинствено да се застапуваат жените во процесите на донесување одлуки во демократските држави како важен елемент на нивната демократија, се наведува во партиското соопштение.

Г.Скопје: Продолжува реализацијата на првата фаза на изградбата на подземната инфраструктура

Продолжува реализацијата на првата фаза на изградбата на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска.

Град Скопје продолжува со реализација на првата фаза на големиот проект за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска, која опфаќа и нова водоводна мрежа која произлегува од градската програма за работа.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од ЈП Водовод и канализација Скопје и Секторот за планирање и уредување при Град Скопје, денес извршија увид во реализацијата на овој капитален инфраструктурен проект.

Во оваа фаза од изградбата на водоводната мрежа која се движи на трасата по новопроектираниот булевар Хрватска и заради формирање на прстенеста циркулациона мрежа и создавање на подобри хидраулички услови во градската водоводна мрежа предвидено е поврзување на двата магистрални доводи на вода Рашче со профил од Ф1600 и постоечкиот цевковод со профил од Ф700 на булевар Александар Mакедонски.

Со почеток на реализација на предвидениот магистрален цевковод со профил од Ф700 милиметри, по новопредвиден булевар Хрватска во првата фаза, започнати се градежните активности на поврзување на булевар Александар Македонски кај Естекада. Вкупната предвидена должина на магистралниот цевковод по булеварот Хрватска изнесува 2,8 километри. Реализацијата на овој дел од водоводната мрежа е предуслов за подобрување на водоснабдувањето на целата територија на општина Гази Баба.

Град Скопје

Фајненшл Тајмс му дозволи на ЧатЏПТ да ги користи неговите написи за обука

Фајненшл тајмс потпиша договор со OpenAI за лиценцирање на содржината на весникот за развој на модели со вештачка интелигенција и дозволи ChatGPT да одговара на прашања со резимеа што му се припишуваат на весникот.

Развивачот на вештачка интелигенција склучил договор за лиценца со британскиот деловен весник и ќе може да користи написи од Фајненшл Тајмс, се вели во соопштението. ChatGPT, исто така, ќе може да одговара на прашањата на корисниците со информации од написите на Фајненшл Тајмс, вклучително и линкови до веб-страницата на весникот.

Во последниве месеци, германската Axel Springer Group и францускиот весник Монд (Le Monde) потпишаа договори со OpenAI. Од друга страна, Њујорк Тајмс во декември ја изведе компанијата на суд, тврдејќи дека ChatGPT бил обучен со написи на весникот без дозвола.

ChatGPT го поттикна интересирањето околу вештачката интелигенција пред повеќе од една година.

Ваквите генеративни чет-ботови со вештачка интелигенција се обучени со огромни количини на информации и можат да формулираат текстови на лингвистичко ниво на човек, да пишуваат софтверски код и да сумираат информации.

Принципот зад ова е дека чет-ботовите проценуваат од збор до збор како треба да продолжи реченицата, врз основа на веројатност.

Манчестер јунајтед именуваше тројца играчи кои нема да го напуштат клубот на лето

Раководството на Манчестер јунајтед одлучи за фудбалерите околу кои ќе го гради тимот во блиска иднина.

Според „The ​​Telegraph“, станува збор за крилниот напаѓач Алехандро Гарначо, играчот од средниот ред Коби Мејну и напаѓачот Расмус Хојлунд. Забележано е дека овие играчи нема да бидат достапни за трансфери во други клубови.

Деветнаесетгодишниот Гарначо оваа сезона одигра 45 натпревари за Манчестер јунајтед на кои постигна девет гола и забележа пет асистенции.

Врсникот на Гаранчо, Мејну има 27 натпревари, три гола и една асистенција.

Дваесет и едногодишниот Хојлунд постигна 14 гола и направи две асистенции на 38 натпревари за тимот од „Олд Трафорд“.

притисни ентер