Формирани двојките за плејоф и плејин во НБА

Во НБА-лигата, врз основа на резултатите од регуларниот дел од сезоната, одредени се сите плејоф и плејин парови.

Западна конференција плејин:

Њу Орлеанс (7 место) – Лејкерс (8 место)

Сакраменто (9) – Голден Стејт (10)

Прво коло плејоф:

Оклахома (1) – плејин тим

Денвер (2) – плејин тим

Минесота (3) – Феникс (6)

Клиперс (4) – Далас (5)

Источна конференција плејин:

Филаделфија (7 место) – Мајами (8)

Чикаго (9) – Атланта (10)

Прво коло плејоф:

Бостон (1) – плејин тим

Њујорк (2) – плејин тим

Милвоки (3) - Индијана (6)

Кливленд (4) – Орландо (5).

Плејин турнирот ќе се одржи од 16 до 19 април. Плејофот започнува на 20 април.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер