Формирана национална алијанса на пациентски организации

Десет организации по повод Светскиот ден на здравјето – формираа национална алијанса на пациентски организации.

Велат дека целта е здружени да се борат за своите права. Меѓу главните барања е и ажурирањето на позитивната лсита на лекови која изминативе 10тина години не е променета.

„За да имаме ние добар и квалитетен живот на пациентот мора да имаме задоволна медицинска фела, која што ќе работи во заеднички чекор со нас и која ќе ги презентира нивните проблеми заендо со нас за да видиме како можеме поушсешно тоа да го решаваме. Поуспешно да се справиме со предизвиците. “-Претседателот на Националната алијанса, Милан Мишковиќ

Дополнително велат по изборите ќе бараат нивно вклучување во креирањето на здравствените политики. Поголема заштита на пациентите и подобрување на здравствениот систем.

„Нашите структурни промени кои ќе ги бараме како алијанса е постепено сето она што го гледаме секојдневно во нашиот здравствен систем, а може многу да се промени, атоа што позанвајќи ги можностите кои ги имаме и сега во моментов би требало да претрпат одредени организациски и некој други структурни промени. И вмеѓување на нас како пацинати и давање право во учество на носење на било какви одлуки кои се тангираат тие групи на пацинети. “-Претседателот на Националната алијанса, Милан Мишковиќ

Алијансата ја сочинуваат организациите Хепар центар, Нефрон, Национално здружение за Мутипла склероза, Живот со предизвици, Хема – онко, Фемина М, Сано, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, Здружение за хронична миелоична леукемија и Ретко е да си редок. Претседателот на алијансата упати апел до сите организации и здруженија кои работат во областа на здравството да се приклучат кон Алијансата и заеднички да застанат зад правата на пациентите, како и заеднички да работат во подобрувањето на здравствениот систем.

Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани

Скопјанец пријавил дека во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од страна на двајца странски државјани за сума од 25.000 евра, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Синоќа во 19.15 часот во СВР - Скопје, Х.М., на возраст од 34 години од главниот град на државава, пријавил дека околу 15 часот во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од двајца странски државјани.

Според пријавеното, откако се договориле во менувачницата да сменат пари за 25.000 евра, лицата дошле со чанта со договорената сума на пари во денари, при што еден од нив ја заменил чантата со денари со друга иста чанта, која во долниот дел била полна со хартиени ливчиња.

Како што пријавил Х.М., тој им ги дал еврата без да ја провери чантата, а откако заминале, сфатил дека е измамен, појаснуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Арсовска: Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Во изминатите две години покажавме дека со упорност и покрај блокадите може да се наметнат системски промени кои од корен ги менуваат градските институции.

Затоа Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Успеавме да ги намалиме непродуктивните трошоци, единствено не ги згаснавме светлата на улиците сред најголемата енергетска криза, ги консолидираме јавните претпријатија.

Први и единствени се боревме повеќе да нема лица кои не одат на работа, а земаат плата. Успеавме да откриеме стотици такви случаи за кои останатите институции сега треба да превземат мерки за враќање на парите кои ги земале.

За Македонија која ќе се базира врз право и правда неопходно е да се спроведат системски реформи:

-Целосно чистење на институциите од оние кои не одат на работа, а сепак земаат плата

-Воведување системска дигитализација со која човечкиот фактор и влијание при избор на вработување ќе се елиминира

-Со ветинг во сите јавни институции да се детектираат злоупотребите на позициите и за истото да следат највисоки санкции

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, за луѓе кои секогаш ќе се спротивстават на неправдите и ќе работат за подобар живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Денес е ден на Македонскиот јазик

Денеска Македонија го одбележува 5 мај – денот на Македонскиот јазик.

На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.

Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.

притисни ентер