Фон дер Лејен : Во наш интерес е земјите од Западен Балкан да ја одржат европската перспектива

Идната претседателка  на Европската комисија Урсула фон дер Лејен денеска во Берлин повика на поенергичен глобален настап на Европа.

„Европа мора да го научи јазикот на моќта. И тоа значи зајакнување таму каде што претходно се потпиравме на другите, а со тоа мислам на безбедносната политика “, рече Фон дер Лејен, говорејќи во седиштето на Фондацијата Конрад Аденауер во Берлин.

Поранешната германска министерка за одбрана побара Европската Унија да ги концентрира своите постојни сили повеќе.

Фон дер Лејин како пример ги наведе односите на ЕУ со Кина.

„Можеме посилно да влијаеме на условите под кои влегуваме во деловна активност со Кина. Кина е важен партнер за ЕУ, но ЕУ е исто така многу важен партнер за Кина “, рече Фон дер Лејен.

Таа истакна дека Европа може да биде „мала и се постара“, но има нешто непроценливо, имено владеење на правото, слободата, демократијата и отвореноста за сите форми на живот.

„Такво нешто немаат младите во Русија и Кина“, додаде таа.

Идниот претседател на Европската Комисија се осврна на „стратешката политика за проширување“ кога зборуваше за земјите од Западен Балкан и нивната европска перспектива.

„Во наш интерес е земјите од Западен Балкан да ја одржат европската перспектива. Ние го делиме истиот континент, истата историја, иста култура и истите предизвици “, рече Фон дер Лејен, додавајќи дека доколку ЕУ ја негира оваа перспектива, другите, без разлика дали Кина, Русија, Турција или Саудиска Арабија, ќе го наметнат своето влијание.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер