Фолксваген се сели од Германија?

Volkswagen сериозно размислува за драстичен деловен потег, преселувајќи го целото производство на автомобили од Германија.

За сѐ е виновен гасот, односно недостигот на гас предизвикан од актуелната политичка ситуација во која продолжува војната во Украина, а санкциите кон Русија никогаш не биле построги. Доколку ова сценарио се прелее во следната година, Volkswagen лесно може да направи таков драстичен потег.

Преместувањето на производството од матичната земја е само едно од решенијата за кои моментално се разговара во Волфсбург. Доколку се донесе таква одлука, Volkswagen би го префрлил целото производство од Источна Европа и Германија во фабрики на Запад, пред сѐ во Белгија, Португалија и Шпанија, дознава Блумберг.

Русија и Северен тек 1 се главниот извор на гас за германската индустрија, односно беа, додека Русите не го свртеа вентилот. Индустријата веќе трпи одредени последици. Се проценува дека најсериозните проблеми ќе излезат на површина доколку гасот не протече до јуни следната година, велат од Volkswagen.

„Како среднорочно решение, фокусирани сме на поголема локализација, преместување на производствените или технолошки алтернативи, истата воспоставена практика што се применуваше на предизвиците поврзани со недостигот на полупроводници, како и во случај на други проблеми со снабдувањето.“

Фолксваген тврди дека ќе може да го задржи производството во следните шест месеци, но под услов Германија да продолжи да ги пополнува своите резерви кои сега се на 90 проценти. Бидејќи е можно резервите на гас да се намалат во зима, Volkswagen веќе работи на намалување на потрошувачката на гас во согласност со барањата на германската влада за намалување од 20 проценти.

Блумберг нагласува дека Фолксваген е загрижен поради поскапувањето на енергенсите, со што кооперантите сѐ потешко се справуваат. Поради тоа, постои опасност бројни подизведувачи да бидат принудени да го прекинат производството.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер