Фолксваген потврди: Новите батерии задржуваат 95% од капацитетот и после 500.000 километри

Фолксваген неодамна ги тестираше напредните батерии од компанијата Квантум Спејс (QuantumSpace), а резултатите ги надминаа очекувањата.

Компанијата QuantumSpace долго време работи на развој на цврсти батерии, односно батерии со цврст електролит, за кои интерес пројавија многу производители, меѓу кои и Volkswagen. Според последните резултати од тестовите, батериите покажале дека речиси воопшто не стареат, односно, со текот на времето не го губат капацитетот.

По повеќе од 1000 циклуси на празнење и полнење, ќелиите задржале над 95% од нивниот почетен капацитет, што е еквивалентно на користење на електричното возило на речиси 483.000 км. Дополнителен плус е анулирањето на можноста од пожар, и можноста за натамошен пад на цените.

Да потсетиме дека целта на компанијата беше постигнување на 80 проценти капацитет по 800 циклуси. Овие тестови на прототип чија структура на ќелиите не отстапува од сериските изведби на QSE-5 покажуваат дека се можни малку подобри резултати.

Резултатите, како што објави самиот Volkswagen, дојдоа по неколкумесечното тестирање во лабораториите PowerCo на Volkswagen во Салцгитер. Така, тие нагласуваат дека ваквата технологија во автомобил со досег од околу 600 километри, би обезбедила можност во својот животен век тој да помине и до половина милион километри без проблем.

QuantumSpace не го крие својот ентузијазам во врска со резултатите. Извршниот директор на PowerCo, Френк Блом, изјави: „Ова се многу охрабрувачки резултати кои импресивно го поддржуваат потенцијалот на ќелиите во цврста состојба. Резултатот од овој развој би можел да биде бактериска ќелија што овозможува голем досег, може да се полни многу брзо и практично, не старее“.

Volkswagen и QS се партнери од 2012 година, а се планира првите производи да се комерцијализираат веќе во 2025 година.

10- годишно дете од САД си пресудило по малтретирањето на училиште-родителите 20 пати се жалеле

Десетгодишно момче од Индијана извршило самоубиство откако наводно било ужасно малтретирано на училиште, додека неговите родители тврдат дека 20 пати се пожалиле во училиштето.

Семи Теус се самоубил на 5 мај, а според неговото семејство бил малтретиран до ноќта пред смртта.

Неговите родители Сем и Никол тврдат дека момчето било физички и психички малтретирано на училиште, а наводно неодамна го претепале во училишниот автобус.

Малтретирањето започнало минатата година кога тој се префрлил во училиштето, пишува Дејли Мејл.

Според семејството, Сем 20 пати им кажал на наставниците и на другите вработени во училиштето за злоупотребата.

„Најпрвин го исмејуваа поради очилата, потоа поради забите. Тоа траеше долго. “, рече таткото на Семи.

Злоставувањето потоа станало физичко.

„Го претепаа во автобус, децата му ги скршија очилата. Се јавив во училиштето, ги прашав што ќе прават во врска со тоа, стануваше сѐ полошо и полошо“, рекол таткото.

Според него, училиштето знаело што се случува, а злоупотребата низ училиштето и во автобусот се проширила на социјалните мрежи.

Училиштето соопштило дека неговите родители ја пријавиле смртта како самоубиство и ги истражуваат тврдењата за злоупотреба.

Истрагата продолжува.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

притисни ентер