Фолксваген ја отвори листата на нарачки, позната е цената на новиот Пасат (ФОТО)

Долгоочекуваниот новитет е достапен за нарачка.

Деветтата генерација на Passat, како што е познато, е достапна исклучиво како караван. Деновиве, Volkswagen го стави својот неодамна претставен новитет достапен преку онлајн конфигураторот. Понудата започнува со бензинскиот 1.5 TSI во форма на благ хибрид.

Иако има над 34 милиони продадени единици, Passat во своето деветто и веројатно последно издание е сведен на караван модел, технолошки целосно компатибилен со штотуку лансираната Škoda Superb. Улогата на опцијата за лимузина сега ја презема електричниот ID.7, кој воедно е најголемиот и најсериозен Volkswagen на електричен погон.

Ако се вратиме на Пасат, работата е следна. Опцијата eTSI на основно ниво започнува од 39.995 евра, но сè уште не е достапна. Така, на конфигураторот на германските страници на Volkswagen, почетокот го претставува побогато опремената Business верзија со цена од 44.995 евра.

Со цел да биде појасно што се нуди, Volkswagen ги истакнува алуминиумските тркала од 16 инчи, LED светлата, тризонската Air Care Climatronic контрола на климата, бројните системи за помош (ACC, Side Assist, Lane Assist, Front Assist, MIB4 дисплеј, Car2X, итн.) .) и инфозабава со екран од 32 cm (12,9").

Доколку го изберете подеднакво моќниот 2.0 TDI дизел, со истата опрема започнува од 48.495 евра, а понудата ги вклучува и побогато опремените нивоа Elegance и R-Line.

За потсетување, со 50 mm подолго растојание помеѓу оските, ова е и најудобниот Passat досега. Акцентот е ставен на удобноста, додека товарниот капацитет се искачува до 1.920 литри.

Притвор за осомничен за спречување полициски службеници да фатат побегнат затвореник

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие .

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

- На 2 мај, во куќа на улицата ,,Димката А. Габерот” во Кавадарци, двајца инспектори од МВР преземале службено дејствие – фаќање побегнат затвореник од КПУ Гевгелија, кој бил роднина на сега осомничениот. Затвореникот давал отпор при обидот да биде лишен од слобода за доизвршување на затворската казна, во што сега осомничениот го поддржал, се нафрлил врз еден од полициските службеници, го влечел и го гребел, нанесувајќи му телесни повреди, се вели во соопштението од Обвинителството.

Затвореникот успеал да се ослободи и да побегне, но подоцна бил фатен и вратен во затворот. Осомничениот исто така избегал во прв момент, но бил лишен од слобода, а по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Кавадарци му определил притвор во траење од осум дена, се наведува во соопштението.

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Христовото страдање за човештвото и неговото воскреснување треба да ни помогне заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици. 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по повод големиот христијански празник Велигден до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски-македонски г.г. Стефан и до сите православни верници, посакувајќи празничните денови да поминат во добро здравје, неизмерна радост и среќа, исполнети со духовен мир и хармонија.

-Христовото страдање за човештвото и неговото воскреснување треба да ни помогне заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици. Да се спротивставиме на сите непогоди, да ги победиме искушенијата, да бидеме солидарни едни кон други и да ги отвориме нашите срца за безусловна љубов, сочувство и заедништво, истакнува спикерот Митрески.

На овој Велигден, се нагласува во честитката, да ги искористиме празничните моменти и да споделиме радост и среќа во семејството, помеѓу нашите најблиски, пријателите, познаниците, но и сите оние на кои им е потребна помош и поддршка.

-Да споделуваме, да пружиме рака, да шириме добра мисла и љубов и да му се радуваме на животот. Велигден, како празник на надежта, нека донесе благосостојба и сплотеност во нашите срца за сите, независно на која вероисповед припаѓаат. Заедно да посакаме подобар свет, повеќе емпатија и разбирање, свет без конфликти, со тенденција сите недоразбирања да се решаваат со дијалог и компромис, стои во честитката од претседателот на Собранието Митрески до поглаварот г.г. Стефан и до православните верници.

Швионтек триумфираше во Мадрид откако спаси три меч топки против Сабаленка

Светската тенисерка број еден, Ига Швионтек за прв пат во кариерата ја освои титулата во Мадрид.

Тенисерката од Полска во финалето ја совлада минатогодишната шампионка Арина Сабаленка со 7:5, 4:6, 7:6(7), откако спаси три меч топки.

Натпреварот траеше повеќе од 3 часа, а Швионтек го освои 20-от трофеј во кариерата. Таа има вкупно 30 победи во календарската година и е непоразена во последните 7 финалиња.

Билансот меѓу двете сега е 7:3 во корист на Швионтек.

притисни ентер