Фолксваген ги објави цените и означи старт на продажбата на новиот Тигуан (ФОТО)

Volkswagen го отвори списокот за нарачки за новиот Tiguan, претставен пред нешто повеќе од еден месец.

Најпродаваниот SUV модел на Volkswagen беше претставен во обновено издание кое го опфаќа новиот дизајнерски израз на марката, како и новите технологии. Растегнат на нешто повеќе од 4,5 метри, Tiguan е вистински семеен теренец со модерен изглед и пространа внатрешност.

На купувачите им се достапни осум мотори, но сите се комбинирани со автоматски менувач со две спојки (DSG). Како што е познато, понудата започнува со бензински мотор 1.5 TSI, а сега знаеме и колку ќе чини таа опција.

Според ценовникот за германскиот пазар, изборот на купувачот на оваа блага хибридна опција ќе чини минимум 36.600 евра.

Покрај основното ниво, моделот се нуди со пакети на опрема Life, Elegance и R-Line на самиот врв на гамата.

Токму последните верзии носат понапредни LED светла со модерни светлосни лајсни, 19-инчни бандажи или спојлер на покривот.

Мицкоски: Христовото Воскресение е многу значаен ден, да се обединиме, да се сплотиме..

Христовото Воскресение е многу значаен ден, да се обединиме, да се сплотиме како народ и како нација.

Ќе ми дозволите да го честитам на сите православни христијани овој голем ден, значаен дел, Христовото Воскресение. И да им посакам хармонија, спокој, ним и на нивните семејства.

Истото сакам да го посакам на сите граѓани во Македонија, насекаде во светот без разлика на верската припадност.

За нас православните христијани Христовото Воскресение е многу значаен ден и во име на тоа дозволете денеска да уживаме во мирот, во спокојот.

И да се обединиме, да се сплотиме бидејќи како народ и како нација тоа ни е потребно во деновите, месеците, и годините кои што следат.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Чави по поразот од Жирона: Можеби ни недостасува зрелост

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез даде свое мислење по вчерашниот натпревар против Жирона. Барса го загуби каталонското дерби со 2-4 и на тој начин Реал Мадрид ја обезбеди титулата во Ла Лига на четири кола до крајот.

-Ја загубивме контролата врз играта поради огромните грешки, кои се неприфатливи на ова ниво. Вакви работи се случуваат цела сезона и не чинат вредни бодови. Можевме да победиме, но грешките што ги направивме се покажаа како одлучувачки. Ни недостигаше ефикасност и во нападот, а тешко е да се добиваат такви натпревари. Мораме да промениме многу работи за да се бориме за титулата следната сезона. Можеби ни недостига зрелост. Повеќето од нашите играчи се доста млади. Ќе ги донесеме вистинските заклучоци и ќе ги исправиме нашите слабости, нагласи Чави по мечот.

Тој му честиташе на Реал Мадрид за титулата.

-Собраа најмногу бодови и затоа се шампиони, додаде тренерот на Барселона.

Унгарија е подготвена за претседавање со ЕУ, тврди унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето со Европската унија на 1 јули, изјави денеска унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања, Пал Барна Жигмонд.

Во објава на Фејсбук, тој истакна дека во сегашното политичко и економско опкружување, претседавањето со ЕУ ќе биде „возбудлив предизвик“, пренесува МТИ.

Жигмонд го цитираше претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој вели дека е уверен и полн со надеж во врска со унгарското претседателство и истакна дека моментално премиерот Виктор Орбан е единствениот шеф на Влада во ЕУ кој ќе раководи со ротирачкото претседателство по втор пат.

притисни ентер