Фоден го именува својот идеален тим во историјата на Премиер лигата

Крилниот напаѓач на Манчестер сити, Фил Фоден го состави својот тим од најдобрите играчи во историјата на Премиер лигата. 

Дваесет и тригодишниот Англичанец избра формација 4-4-2, поставувајќи ги Кристијано Роналдо и Тиери Анри во средниот ред.

Тимот на Фил Фоден од Премиер лигата: Едерсон, Кајл Вокер, Вирџил ван Дајк, Винсент Компани, Ешли Кол, Патрик Виеира, Давид Силва, Кристијано Роналдо, Тиери Анри, Вејн Руни и Серхио Агуеро.

Фоден забележа 159 настапи во Премиер лигата, постигнувајќи 49 гола и 25 асистенции. /МИА

Првични резултати од центарот на ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска 126.678 Пендаровски 51.965

На обработени 12% од избирачките места и 4,43% од гласачите во Македонија, Гордана Силјановска Давскова има огромно водство пред Стево Пендаровски.

Според центарот на ВМРО-ДПМНЕ, на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановкса Давкова досега гласале 126.678 лица, а за кандидатот поддржан од страна на СДСМ, Стево Пендаровски гласале 51.965лица. Регистрирани се и 7555 неважечки ливчиња.

Ѓоковиќ ги охрабри навивачите: Очекувам да бидам во врвна форма на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ одржа прес конференција во Рим, каде ќе учествува на Мастерсот, што е негова последна подготовка пред Ролан Гарос.

Ноле истакна дека е задоволен од тоа како ги одработил тренинзите и очекува да биде во топ форма за Ролан Гарос, како и за Вимблдон и Олимписките игри потоа.

- На добар пат сум да бидам во топ форма на Ролан Гарос. Одработив добар тренинг, се надевам дека ќе играм подобро овде отколку во Монте Карло. Целта е да се оди што подалеку.

- Задоволен сум од тоа како поминаа последните 14 дена, со оглед на серијата на Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри, што е важен блок за мене... Но, тренинзите со спаринг-партнерите не е исто што и играњето против најдобрите играчи во светот. Мора да го вратам ритамот и интензитетот на натпреварувањето - истакна Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ е слободен како прв носител, а во вториот носител ќе игра против победникот од мечот Роман Сафиуљин - Корентан Муте.

Првични резултати од центарот на ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска 68.65%, Пендаровски 27.28%

На 8% од обработените гласачки места во Македонија, Гордана Силјановска Давскова води со над 50.000 гласови разлика пред Стево Пендаровски.

Според центарот на ВМРО-ДПМНЕ, на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановкса Давкова досега гласале 86.688 лица, а за кандидатот поддржан од страна на СДСМ, Стево Пендаровски гласале 34.450 лица. Регистрирани се и 5134 неважечки ливчиња.

притисни ентер