Флоренци за голот од центар: Прво сакав да му додадам на Џеко

Александро Флоренци играчот на Рома кој на мечот од Лигата на шампиони против Барселона постигна гол од центарот на игралиштето за 1:1, вели дека во последен момент забележал дека Тер Штеген е излезен од голот.

- Мојата идеја беше да му подадам на Един Џеко, но него го затворија играчите на Барселона. Со крајот на окото забележав дека голманот е доста излезен и решив да упатам шут дирекно кон голот. Топката добро одеше, Тер Штеген почна да трча и тогаш слушнав аплаузи и си помислив дека навивачите ме наградуваат за обидот а не за гол, изјави Флоренци.

- Добро се подготвивме за натпреварот, работевме на концентрацијата и ова беше една од нашите подобри изведби последниве неколку години, додаде фудбалерот.

Римјаните за 12 дена во второто коло од ЛШ гостуваат во Белорусија кај Бате Борисов.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер