Физичар од Харвард пронашол чудни топчиња во океанот: Не потекнуваат од Сончевиот систем

Астрофизичар од Универзитетот Харвард, Ави Лоеб, кој со години истражува дали постои развиена форма на вонземски живот на други планети, пронашол стотици метални топчиња на морското дно, кои се чини дека не потекнуваат од нашиот Сончев систем.

Доколку ова откритие биде потврдено, тоа ќе биде првпат луѓето да стапат во контакт, односно да држат и проучуваат објект кој пристигнал од меѓуѕвездениот простор.

Лоеб и неговите колеги ги пронашле овие необични сферули во Тихиот Океан во близина на Папуа Нова Гвинеја, а потрагата по нив била започната откако метеорот CNEOS 2014-01-08 (IM1) се распаднал над областа во 2014 година, кој имал многу необична брзина и затоа го привлекол вниманието на научниците.

Со оглед на тоа што сателитите на американската влада го следеле метеорот додека не се распаднал, Лоеб ја знаел приближната локација на неговиот пад и во јуни оваа година започнал експедиција насочена кон пронаоѓање на остатоците од IM1.

Иако ова е потенцијално големо откритие, научната заедница останува малку скептична, особено затоа што експедицијата е предводена од Лоеб, познат по неговата потрага по интелигентен вонземски живот. Имено, Лоеб во 2021 година го основал проектот Галилео, чија мисија е да бара знаци на вонземска технологија.

Дополнително, Лоеб во своето истражување споменува дека високата содржина на ураниум во пронајдените топчиња може да биде показател дека станува збор за некаква вонземска технологија. Планетарниот научник Моника Грејди од Отворениот универзитет во Велика Британија го коментира откривањето на сферулите во јули, пред објавувањето на прелиминарните резултати од анализата, и рече дека се потребни многу посилни докази за тврдењето дека се работи за вонземски сфери.

„Каков е нивниот состав? Колку години имаат? Можеме ли да ги исклучиме загадувачите од Земјата? Можеме ли да исклучиме фрагменти од вонземски материјал од Сончевиот систем? Најубедлив доказ би бил да се измери староста на сферулите. Ако се постари отколку Сонцето, тоа би значело дека дошле од меѓуѕвездениот простор“, напишала Грејди.

„Знаеме дека метеоритите од нашиот Сончев систем содржат железо и никел. Сферулите очигледно содржат „незначителни“ количества никел, што покажува дека тие речиси сигурно не потекнуваат од метеори во Сончевиот систем. Сепак, ова не докажува дека сферулите доаѓаат од меѓуѕвездениот простор, само ја зголемува веројатноста дека се работи за загадувачи од Земјата“, додава таа.

Прелиминарната анализа на 57 минерални објекти сугерират дека барем некои од нив не припаѓаат на метеори во Сончевиот систем поради нивниот хемиски состав. „Ова е историско откритие. За прв пат луѓето држат во рацете материјал кој доаѓа од голем меѓуѕвезден објект. Исклучително сум задоволен од овие резултати“, рече американскиот претприемач Чарлс Хоскинсон, кој помогна во финансирањето на експедицијата на Лоеб, како што објави Science Alert.

Имено, како што објави Харвард, ситните топчиња (до 1 милиметар во дијаметар) содржат екстремно големи количества берилиум, лантан и ураниум, што е состав на „BeLaU“ кој досега не е виден. Сферулите исто така содржат сооднос на изотоп на железо кои не се наоѓаат на Земјата, Месечината и Марс, што укажува на меѓуѕвездено потекло.

Студијата, Discovery of Spherules of Likely Extrasolar Composition in the Pacific Ocean Site of the CNEOS 2014-01-08 (IM1) Bolide, сè уште не поминала независна рецензија од колегите.

10- годишно дете од САД си пресудило по малтретирањето на училиште-родителите 20 пати се жалеле

Десетгодишно момче од Индијана извршило самоубиство откако наводно било ужасно малтретирано на училиште, додека неговите родители тврдат дека 20 пати се пожалиле во училиштето.

Семи Теус се самоубил на 5 мај, а според неговото семејство бил малтретиран до ноќта пред смртта.

Неговите родители Сем и Никол тврдат дека момчето било физички и психички малтретирано на училиште, а наводно неодамна го претепале во училишниот автобус.

Малтретирањето започнало минатата година кога тој се префрлил во училиштето, пишува Дејли Мејл.

Според семејството, Сем 20 пати им кажал на наставниците и на другите вработени во училиштето за злоупотребата.

„Најпрвин го исмејуваа поради очилата, потоа поради забите. Тоа траеше долго. “, рече таткото на Семи.

Злоставувањето потоа станало физичко.

„Го претепаа во автобус, децата му ги скршија очилата. Се јавив во училиштето, ги прашав што ќе прават во врска со тоа, стануваше сѐ полошо и полошо“, рекол таткото.

Според него, училиштето знаело што се случува, а злоупотребата низ училиштето и во автобусот се проширила на социјалните мрежи.

Училиштето соопштило дека неговите родители ја пријавиле смртта како самоубиство и ги истражуваат тврдењата за злоупотреба.

Истрагата продолжува.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

притисни ентер