Финската премиерка е снимена на забава, во време кога морала да биде во изолација

Финската премиерка Сана Марин викендов уживала со пријателите во ноќен клуб во Хелсинки до раните утрински часови.

На интернет се прошириле фотографии од нејзиното излегување на кои се гледа како опуштено ужива во друштво. Премиерката тој ден вечерала во ресторан, а потоа продолжила да се забавува со сопругот Маркус Раиконен и пријателите.

Немало да биде ништо проблематично во тоа, доколку нејзиниот министер за надворешни работи не доби позитивен тест за ковид во саботата, поради што премиерката и некои нејзини министри требаше да бидат во изолација и да избегнуваат контакти.

Откако финскиот таблоид објави фотографија од премиерката како забава во ноќен клуб, Марин се извини во интервју за јавната телевизија.

„Згрешив. Требаше повнимателно да ја разгледам ситуацијата“, изјавила Марин во интервјуто.

Имено, Марин и нејзините двајца министри биле изложени на коронавирус на состанокот одржан во петокот, на кој присуствувал и министерот за надворешни работи Пека Хависто, кој во саботата доби позитивен тест за ковид-19.

Премиерката подоцна на Фејсбук напишала дека вечерала во ресторан кога ѝ се јавил нејзиниот државен секретар од кого дознала дека била изложена на вирусот претходниот ден.

„Ми рече дека министрите не мора да бидат ставени во карантин затоа што примиле две дози од вакцината“, напишала Марин на Фејсбук, обидувајќи се да објасни зошто не се изолирала.

Сепак, од кабинетот на премиерката подоцна соопштиле дека во саботата испратиле СМС пораки до експонираните министри и премиерката, во кои им порачале дека биле изложени на вирусот ден претходно и дека треба да избегнуваат контакти со луѓе.

Обидувајќи се да ја објасни својата одлука, Марин рече дека го оставила службениот мобилен телефон дома и со себе го зела само приватниот телефон.

Финската премиерка беше тестирана двапати од саботата, секој пат негативна, исто како и нејзините министри кои биле изложени на вирусот во петокот.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер