Финиш на активностите на МНР Димитров во рамки на 74-тата сесија на Генералното собрание на ОН

На маргините на Генералната дебата на 74-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари средба со неговиот колега од Летонија Едгарс Ринкевич.

Министерот Димитров подвлече дека македонските граѓани, кои даваат широка поддршка на европската идеја, имаат големи очекувања од октоврискиот состанок на Европскиот совет. Позитивната одлука ќе биде јасна порака за нив, за регионот и за довербата во политиката на ЕУ кон Балканот.

Министерот Ринкевич изрази безусловна поддршка на нашите определби за зачленување во ЕУ и НАТО. Со оглед на постоечкиот моментум, посочи дека ЕУ треба да даде позитивен сигнал, што ќе биде добро и за ЕУ, за стабилноста на регионот и за кредибилноста на политиката на проширување.

Соговорниците разговараа и за динамиките поврзани со нашето пристапување кон Алијансата во светло на лондонскиот НАТО самит.

Министерот Димитров и министерот за надворешни работи на Тунис Кемаис Зинаи го потпишаа Протоколот за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.

Дипломатските односи со Република Тунис ќе доведат до воспоставување на политички дијалог и создавање на можности за интензивирање на економската и културната размена, како и на соработката на мултилатерален план.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Ерменија Зохраб Мнацаканјан го потпишаа Протоколот за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.

Воспоставувањето на дипломатските односи со Ерменија ќе придонесe кон продлабочување на севкупната соработка меѓу двете земји. Со формализирањето, се овозможуваат нови перспективи за развој на политичкиот дијалог , интензивирање на културната и економската соработка, како и почеста мултилатерална комуникација.

Основи за поинтензивна соработка беа воспоставени и со Грузија. Министерот Димитров и министерот за надворешни на работи на Грузија Давид Залкалиани потпишаа Протокол за соработка меѓу двете министерства и разговараа за унапредување на односите преку политички консултации, визна либерализација, бизнис посети и мултилатерална соработка.

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

 Според Министерството за здравство во Газа во изминатите 24 часа при израелските напади во Појасот Газа загинале 83 луѓе.

Во војната помеѓу Израел и Хамас вкупно загинале 35.386 луѓе

Од почетокот на војната на 7 октомври минатата година повредени се 79.366 лица.

Најголемиот број од жртвите се деца и жени. /МИА

Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори

Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195 000 денари.

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори" по член 165-в од Кривичниот законик.

Како што информира МВР, пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195 000 денари согласно програмата за мерките и активностите на општината во областа на социјална заштита од буџетски средства за 2019 година.

Пријавениот ги извршил исплатите на 15.02.2019, 18.03.2019 и 12.04 2019, односно во период кога се распишани Претседателските избори 2019 година, со што постапил спротивно на член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот Законик и член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. /МИА

Реал и Модриќ постигнаа договор за продолжување на договорот

Лука Модриќ и Тони Крос најверојатно ќе останат во Реал Мадрид.

Претходно се дозна дека клубот е подготвен да ја продолжи соработката со овие играчи.

Според „Марка“, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, во последните часови имал средби со Модриќ и Крос. Мадриѓаните веќе постигнаа начелен договор со хрватскиот играч за врска за продолжување на договорот. Ја прифати новата улога во тимот - Лука сезонава поретко се појавува во стартниот состав.

Што се однесува до Крос, клубот сè уште не постигнал договор со него. Но и Германецот е блиску до продолжување на договорот за една сезона./МИА

притисни ентер