Финансиска поддршка од АД ЕСМ за спортските клубови од Битола

 Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски потпиша договори за финансиска поддршка на спортски клубови од Битола.

Според т.н. ваучерски систем за спортски клубови, финансиска поддршка е доделена на РК Еурофарм Пелистер кој ќе добие 8,5 милиони денари, КК Пелистер ќе добие 2,5 милиони денари, ФК Пелистер ќе добие 1 милион денари, ЖРК Пелистер ќе добие 750.000 денари, а по основ на други спонзорства и донации, поддржани ќе бидат кугларскиотклуб Пелистер, женскиот фудбалски клуб Топ-гол, и други спортски клубови и спортисти од Битола.

-Општествената одговорност на АД ЕСМ се изразува и со поддршка на спортот. Во 2019 година за поддршка на спортски клубови од цела држава беа издвоени околу 25 милиони денари, а најголем дел од средствата се насочени кон спортските клубови од Битола затоа што тука, во Битола се наоѓа нашата најголема производна единица РЕК Битола. Со Законот за даночно олеснување, односно преку ваучерски систем, компаниите може дел од средствата, дел од данокот на добивка, наместо во државната каса, може да го уплатат во спортските клубови и затоа очекувам и други компании да го поддржат спортот преку вакви вложувања, пред се заради стабилност на спортските клубови бидејќи таму спортуваат млади луѓе и деца, здрава идна генерација за нашата држава и нашето општество, истакна генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

Израел бара од ИЦЈ да го отфрли барањето на ЈАР за повлекување од Појасот Газа

Претставникот на израелското Министерство за правда Гилад Ноам го оцени случајот на Јужна Африка, кој го обвинува Израел за кршење на Конвенцијата за геноцид како „целосно одвоена од фактите и околностите“.

Израел денеска пред Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) ја бранеше офанзивата врз Рафа, истакнувајќи дека дејствува во самоодбрана против борците на Хамас и побара од судијата да го отфрлат барањето на Јужна Африка да се нареди повлекување од Појасот Газа.

Претставникот на израелското Министерство за правда Гилад Ноам го оцени случајот на Јужна Африка, кој го обвинува Израел за кршење на Конвенцијата за геноцид како „целосно одвоена од фактите и околностите“.

ЈАР вчера побара од ИЈЦ да му нареди на Израел да ја прекине воената операција во Појасот Газа и веднаш да ги повлече трупите од енклавата.

Пред сослушувањето на Израел десетици произраелски демонстранти протестираа пред ИЈЦ, покажувајќи фотографии на заложниците кои Хамас ги киднапира на 7 октомври минатата година и побараа нивно ослободување.

Фото: Манекенка во супер провокативен фустан

Најпровокативното издание на убавата манекенка: И ова е фустан?

Прославата на 60-тиот роденден на реномираниот магазинот „Sports Illustrated Swimsuit“ се одржа во хотелот Хард Рок во Њујорк, а многу познати ѕвезди не ја пропуштија можноста гордо да продефилираат во своите комбинации.

Покрај русокосата Кејт Аптон, на листата на гости на елитната забава се најде уште едно име од светот на модната индустрија. Станува збор за манекенката Брукс Надер, која за оваа прилика облече провокативен фустан кој покажува повеќе од потребното.

Убавата Брук на забавата на магазинот без проблем одлучила да го покаже своето голо тело, фустанот посебно не можел да ги покрие нејзините бујни голи гради.

„Тинекс“ го прослави 30-годишниот јубилеј на својата компанија.

На 16ти мај, со големо задоволство и гордост „Тинекс“ го прослави 30-годишниот јубилеј на својата компанија.

Пред три децении, кога првично ја отворија својата прва продавница во населбата „Карпош 3“, со само 15 вработени, малкумина веруваа дека ќе бидат компанија каква што се денес, но, со упорност, посветеност и визија успеаа.

Визијата на нивната компанија е да бидат ланец на маркети во кои луѓето ќе препознаваат квалитет, искрен однос, ќе сакаат да купуваат и да работат.

Нивната мисија е да бидат дел од секојдневието на потрошувачите, како најдобар ланец маркети во Македонија кој им нуди најголема вредност на потрошувачите, секојдневно надминувајќи ги нивните очекувања.

Сега, по 30 години, се на пат да ја надминат својата визија. Станаа синоним за силна, професионална и одговорна македонска компанија. Нивното семејство расте, нивните услуги и продукти се прошируваат, а нивната посветеност кон своите потрошувачи е сѐ посилна и поголема.

Тинекс им благодари на сите вработени, пријатели и соработници кои со својата посветеност и умешност го изградија „Тинекс“ од самите негови почетоци.

притисни ентер