Филмот „Споменикот на Мајкл Џексон“ на Карлови Вари

Филмот „Споменикот на Мајкл Џексон“ на сценаристот и режисер Дарко Лунгулов во кој копродуцира Македонија, ќе ја доживее својата светска премиера на 7 јули, на угледниот фестивал од А категорија во Карлови Вари. Филмот е селектиран во натпреварувачката програма „Источно од Западот“.

Публиката во Македонија ќе го види филмот на почетокот на ноември. Главните улоги ги толкуваат Борис Миливојевиќ, Драган Бјелогрлиќ и Тони Михајловски. Помали, но значајни епизодни улоги од Македонија имаат Петар Мирчевски и Жаклина Стефковска. Во филмот играат и Бранислав Трифуновиќ, Наташа Тапушковиќ, Мирјана Карановиќ, Љубомир Бандовиќ…

Филмот се снимаше во Србија и Македонија. Од Македонија во филмот учествуваа и сценографот Кирил Спасески, снимателот на звукот Игор Поповски, бум-операторот Дарко Бошковски, а продуцент на филмот е Огнен Антов. Копродуценти на филмот се и Германија и Хрвaтска. Филмот е финансиски поддржан и од Филмскиот фонд на Република Македонија.

„Споменикот на Мајкл Џексон“ е црна комедија, во која режисерот Лунгулов преку берберот Марко се обидува да ни ја прикаже социјалната приказна на неколку карактери и нивната судбина во едно мало место на Балканот. Берберот Марко во еден момент се решава на очајнички потег да го спаси бракот и со тоа да ја импресионира својата жена Љубинка. За да го оживее своето гратче кое е на умирање, тој решава да му подигне споменик на поп идолот Мајкл Џексон./МИА.

Коалицијата „Вреди“ слави во Тетово

Здружената албанска коалиција „Вреди“ вечерва слави во изборниот штаб на коалицијата во Тетово. Присутни се тројцата лидери Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Африм Гаши од Алтернатива и Изет Меџити од Демократското движење.   

На првата прес-конференција во Скопје одржана по затворањето на гласачките кутии, Меџити рече дека „Вреди“ е новиот политички фактор кој достоинствено ќе ги застапува Албанците.

Од друга страна шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт предводен од ДУИ Арбр Адеми вечерва на втората прес-конференција во мала речица соопшти дека од половина од обработените гласови, водат со над 30 илјади гласови во однос на коалицијата „Вреди“.

Фото: МИА

МВР: Изборите поминаа во фер, демократска и слободна атмосфера, можеби најмирни досега

Во рамки на надлежност на МВР не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден. 

Се одржаа можеби најмирните, најдемократските и најфер избори кои што кога било се случиле, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на заедничка прес-конференција со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, по завршувањето на двојните избори.

Тошковски изрази благодарност до сите полициски службеници, набљудувачи и македонските граѓани кои, како што нагласи, на мирен, фер и демократски начин покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското семејство.

- Огромна благодарност до сите кои што помогнаа овој ден да биде таков како што беше. Да се живи и здрави македонските граѓани, да ни е вечна Македонија, порача Тошковски.

Според, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како што помина првиот круг од претседателските избори, така и денешниот втор круг и парламентарните избори поминаа во една фер, демократска и слободна атмосфера.

- Граѓаните можеа слободно да го изразат своето право да гласаат. Македонската полиција беше и овој пат на висина на својата задача и ги створи сите предуслови за денешниот ден да се одржи во еден демократски чин, изјави Бојмацалиев.

Ужас во САД: Ја убил сопругата, зашто не можел да ги плати болничките трошоци

Маж од Мисури, обвинет за убиство со задавување на својата сопруга во болница, рече дека го направил тоа затоа што не можел да ѝ ги плати медицинските сметки, соопшти полицијата во соопштението за печатот.

Наводно, Рони Вингс ѝ рекол на полицијата дека ја задавил сопругата и ѝ ги покрил носот и устата за да не вреска.

„Таа беше во болница каде добиваше нова терапија за дијализа“, рече детективот Тод Винборн.

Винборн рече дека Вингс го признал убиството откако му биле прочитани неговите права.

Во петокот, медицинскиот персонал во болницата бил предупреден за срцев удар на пациентката околу 20:30 часот по локално време. Тие ја пронашле жртвата која не дишела и немала пулс, се вели во соопштението.

Жената не беше прогласена за мртва во тоа време, но немала функција на мозокот, што го натерало медицинскиот персонал да ги прекине сите мерки за спасување живот, се вели во соопштението.

Тој додава дека тогаш медицинските работници го слушнале сопругот на жртвата како го признава убиството.

„Јас го направив тоа, ја убив, ја задавив“, повторил тој.

Вингс на крајот во болницата бил уапсен од полицаец кој не бил на должност.

Во соопштението се вели дека Вингс признал дека ја задавил својата сопруга, ѝ ги затворил носот и устата за да не вреска, а потоа ја напуштил болницата.

Подоцна се вратил со братучед.

Според соопштението, Вингс му рекол на полицаецот дека се обидел да ја убие жената уште два пати додека била во болница, додавајќи дека бил во депресија и ја убил бидејќи не можел да ги плати болничките сметки.

Тој се соочува со обвинение за убиство од втор степен и е задржан со кауција од 250.000 долари.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор до 30 години или доживотен затвор.

притисни ентер