Филипче: Завршена е постапката за набавка на 31 респираторна машина

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната редовна прес-конференција информираше дека има 42 оздравени пациенти со два негативни теста на КОВИД-19 кои се во општа добра состојба.

„Од Инфективната клиника заминаа 10 оздравени пациенти, а кај 32 пациенти - 12 во Дебар и 20 во Скопје кои се лекуваа во домашни услови направени се два контролни теста и тие се исто така негативни - што значи дека пациентите се целосно оздравени и се во општо добра состојба. Ова е нешто што навистина ме радува мене лично, здравствените работници директно вклучени во процесот на лекување посебно кога се справуваме со една високо ризична болест, непредвидлива во текот. Во таа смисла секој спасен живот е огромен успех, јас посакувам на секој којшто се соочува со вирусот брзо и лесно да ја надмине оваа состојба и да има лесен тек на болеста и секако добар исход", потенцираше министерот Филипче.

Денеска починаа шест пациенти - четворица на Инфективната Клиника над 60 годишна возраст, двајца од Лабуништа, едно лице од Прилеп и едно од Куманово како и двајца во Градската општа болница „8ми Септември" од Велес на 67 годишна возраст и од Куманово пациент на 59 годишна возраст.

„Во однос на ново регистрираните пациенти, регистрирани се 54 новозаболени. Во Скопје 13, во Куманово 25, во Штип еден пациент, во Прилеп 10, во Тетово еден, во Велес двајца, во Гостивар еден и за прв пат еден потврден случај во Кичево. Со овие денеска потврдени новодијагностицирани пациенти вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја е 908 лица. Досега се починати 44, излекувани се 86 и во моментот активни 778. Вкупно се направени 9262 тестови на коронавирусот. Во изминатите 24 часа направени се 710 теста. Континуирано го зголемуваме капацитетот за тестирање со тоа практично го скратуваме времето на чекање. Сѐ уште трае подготовката на двата нови капацитети во лабораторијата во МАНУ и на Институтот за судска медицина - пациентите на кои постмортем им се зема брис ќе се работат на Институтот за судска медицина, а во лабораторијата во МАНУ пациентите од болниците ширум државата", соопшти Филипче.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, во моментов има 57 пациенти, од кои седум се на механичка вентилација, 14 се на кислородна поддршка - има доволен број на слободни респираторни машини. Во Градската општа болница „8ми Септември" има 27 пациенти, од кои шест се на респираторна машина. Во Битола на болничко лекување има пет пациенти. Тие се во добра состојба. Кај тројца пациенти ќе биде земен првиот контролен брис со оглед на времето коешто е поминато од почетокот на болеста. Во болницата во Штип се лекуваат осум пациенти, повеќето се стабилни и еден пациент е со средно-тешка клиничка слика. И во болницата во Битола и во Штип се следат пациентите коишто се на домашно лекување.

„Денеска е потврден пациент којшто е вработен во лабораторијата на Универзитетската клиника за детски болести - позитивен на КОВИД-19 вирусот. Случајот е изолиран, епидемиолозите прават анализа. На четворица од единаесет вработени им е препорачана изолација. За време на работата за време на извршување на работните задачи користена е целосна заштитна опрема според протоколот", информираше министерот.

Филипче информираше и за состојбата на најмалите дијагностицирани пациенти на Инфективната клиника, бебето на четири-месечна возраст и детето коешто има две и пол години, кои се стабилни и под постојан надзор на педијатар.

На прес-конференцијата, тој посочи дека во рамките на Министерството за здравство согласно уредбата на Владата завршена е постапката за набавка на респираторни машини.

Министерот информираше дека од девет економски оператори, два ги задоволуваа условите - во однос на рокот и критериумите. Еден дел од респираторните машини ќе стигнат во следните седум дена, а другите, од вкупно 31, во текот на следните 30 дена.

„Со ова, значајно ќе го дополниме капацитетот на респираторни машини во земјава, пред сѐ во институциите кои се предвидени за лекување на овие пациенти со КОВИД-19 вирусот", рече Филипче.

Веќе е направен целосен распоред за активност преку матичните лекари во Дебар и околината на Дебар за начинот на скрининг на пациентите со антитела.

„Со оглед на тоа што таму е веќе фаза на епидемијата во којашто немаме новодијагностицирани пациенти сметаме дека ќе биде добар пример за тоа каква е состојбата на населението во смисла на евентуално стекнување на имунитет. И врз основа на тој репрезентативен примерок епидемиолозите ќе прават соодветни анализи и план за понатаму", потенцираше министерот Филипче.

Во текот на вчерашниот ден завршен е увидот од страна на тимот на Институтот за судска медицина во Велес во врска со двете починати лица. Таму се стигнати дополнителни информации коишто ќе бидат земени во предвид кога ќе се прави финалниот извештај, а по изготвувањето ќе бидат презентирани во јавноста - во однос на времето на смртта, по наодот на позитивен брис на КОВИД-19.

Министерот Филипче најави дека во текот на утрешниот ден ќе се дискутира за барањето на родителите на деца со аутизам во однос на движењето во наредните денови, имајќи ја во предвид нивната потреба да се движат во различни делови на денот - поради тоа што тоа е чест дел и од нивната терапија. Согласно дискусијата и одлуката, за ова прашање ќе биде информирана јавноста во текот на утрешниот ден.

Кара-Мурза останува во затвор 25 години, одбиена е жалбата на најголемиот непријател на Путин

Рускиот Врховен суд ја отфрли жалбата на пресудата за 25-годишна затворска казна за предавство поднесена од критичарот на Кремљ, Владимир Кара-Мурза, објавија денеска странските агенции.

Кара-Мурза е со двојно државјанство, руско и британско, и постојано ја критикуваше војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин и лобираше за санкции од Западот против Русија.

Опозицискиот политичар беше уапсен два месеца пред почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година и беше обвинет за ширење лажни информации за руските вооружени сили и прогласен за „странски агент“.

Руската полиција го приведе неколку часа откако Си-Ен-Ен емитуваше интервју со него во кое тој тврдеше дека Русија ја води „режим на убијци“. Тој подоцна беше обвинет за предавство за говорите што ги одржа, вклучително и еден во Претставничкиот дом на Аризона, кога рече дека Русија бомбардирала украински домови, болници и училишта, што Москва го негира.

Државното обвинителство го обвини дека „свесно шири лажни информации“ за акциите на руските сили во Украина, а неговата сопруга Евгенија изјави дека се плаши за неговиот живот по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални во февруари.

Кара-Мурза во жалбата наведува дека не сторил никакво кривично дело и дека е осуден исклучиво затоа што го искористил правото на слобода на говор и јавно се спротивставил на Путин и војната во Украина.

Тој овој месец ја доби Пулицеровата награда за есеј на Вашингтон пост.

Во Турција уапсени 544 лица поради врски со Фетула Ѓулен

Турските власти уапсија 544 лица осомничени за врски со  свештеникот Фетула Ѓулен, кого претседателот Реџеп Таип Ердоган го обвинува дека е организатор на обидот за пуч во 2016 година.

-Во операцијата спроведена во 62 од 81 турски провинции се уапсени 544 лица, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на мрежата Х.

Осомничените се обвинети дека аплицирале за испит за државна служба по налог на движењето Фетула Ѓулен и користеле шифриран комуникациски систем Бајлок. /МИА

Отворен првиот центар за поддршка и советување на момчиња и мажи

Прв центар за поддршка и советување на момчиња и мажи беше отворен денеска во рамки на просториите на Младинскиот центар „Сакам да знам“.

Весна Матевска, програмска координаторка во ХЕРА, на прес-конференцијата на отворањето изјави дека центарот од денеска нуди бесплатни советувања и поддршка со психотерапевти и психолози за момчиња и мажи.

- Советувањата ќе се спроведуваат со физичко присуство или преку виртуелни канали. Центарот ќе биде отворен за услуги вторник, среда и четврток од 10 до 17 часот. Термините треба да се закажат на телефонскиот број 070/299- 026, на електронската пошта [email protected] или на Instagram @man.mind skopje, појасни Матевска.

Според ХЕРА, центарот за советување и поддршка на момчиња и мажи е потребен затоа што родовата еднаквост се однесува поедеднакво на сите полови.

- Овој центар ќе овозможи безбедна и пријатна средина во која момчињата и мажите отворено ќе зборуваат за своите потреби и ќе побараат поддршка без некој притоа да ги етикетира. Тие сега ќе имаат свое место во кое отворено ќе може да побараат решение за предизвици и во кое ќе може момчињата да добијат поддршка за емоционален раст и развој, дополни таа.

Матевска посочи неколку истражувања кои покажуваат дека младите имаат сериозни предизвици со менталното здравје, мажите се најголем дел од жртвите на насилни злосторства и дека мажите имаат поголеми изгледи за самоубиство.

Терапевтите ќе работат по моделот на Австриското Здружение за машки и родови прашања Стирија од Грац, Австрија, а со финансиска поддршка од австриското Сојузно министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.

На отварањето се обрати Кирил Тројачанец кој е психолог и експерт за стрес, и укажа дека општествените очекувања ги притискаат момчињата од најмала возраст да не ги покажуваат своите емоции, што е причина за постојан стрес и ранливо ментално здравје. Тројачанец упати директна порака до момчињата дека молкот не е одговор кога се соочуваат со врсничко насилство.

Ленче Алексовска Величковска – спортски психолог, истакна дека очекувањата што тренерите, соиграчите и навивачите ги поставуваат врз спортистите од една страна може да послужат како мотивирачка сила, поттикнувајќи ги да го постигнат најдоброто од себе, меѓутоа, кога очекувањата се преголеми, тие доведуваат до зголемен стрес и анксиозност и насилно однесување. /МИА

притисни ентер