Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе пропаднат обидите да се подели партијата

Носителот на изборната листа четири на СДСМ и Коалицијата, Венко Филипче, денес беше во посета на Валандово каде оствари средби со граѓани. 

Филипче ги промовираше мерките за земјоделците и се осврна на актуелната политичка состојба и пораките од партиите.

„СДСМ нема да трпи уцени. Оние кои му мислат добро на СДСМ секогаш остануваат и се борат од внатре да ги менуваат работите на подобро. Вистинските социјалдемократи не бегаат и не се обидуваат да ја поделат СДСМ. Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ. Паднаа маските, се открија скриените коалиции кои имале за цел ослабување на СДСМ. Но, за нивна несреќа тоа нема да се случи. Ја верувам дека има доволно време до 8 мај, оние кои сега ја видоа скриената агенда на ЗНАМ, да ја преиспитаат одлуката и да ја подржат СДСМ на изборите“ - рече Филипче,се наведува во партиското соопштение.

Невреме со грмотевици во Германија, десетмина повредени во удар на гром

Десет лица се повредени, од кои четворица се во тешка состојба при удар на гром вчера попладне во Дрезден.

Гром удри во група луѓе на брегот на реката Елба. Станува збор за три жени и седум мажи на возраст од 26 до 41 година.

Четворица од нив се здобиле со повреди опасни по живот и се пренесени во болница.

Делови од сојузната покраина Саксонија вчера беа погодени од силна бура.

Фото: Популарниот „аквамен“ има нова девојка

Холивудскиот заводник, актерот Џејсон Момоа, еден од најпосакуваните мажи на светот, има нова девојка! 

Филмскиот херој „аквамен“потврди дека е во врска со колешката Адриа Архон, споделувајќи романтични фотографии со својата избраничка од Јапонија на Инстаграм.

Новобрачната двојка ужива во патувањето низ азиската земја, а на социјалните мрежи споделија некои детали од оваа авантура.

На една од фотографиите Џејсон Момоа ја прегрнува насмеаната Адрија додека вечераат со пријателите, а на друга парот е насмеан и опуштен покрај морето.


Згодниот 44-годишник во описот на фотографиите ја нарече убавата бринета „љубов моја“ велејќи дека со неа споделил уште една возбудлива авантура и дека Јапонија е остварување на неговите соништа.

Момоа зад себе има брак со актерката Лиза Бонет, со која има две деца, но парот ја прекина врската во 2022 година и официјално се разведе оваа година.

После тоа, тој немаше јавна девојка, иако е познато дека извесно време се гледаше со колешката Еиза Гонзалес, која патем неверојатно наликува на Адриа.

Постекоглу бара од Тотенхем да ангажира најмалку тројца играчи на лето

Анже Постекоглу побара од Тотенхем да ангажира најмалку тројца играчи ова лето, објавија британските медиуми.

Се известува дека главниот тренер на тимот е реален за обемот на аквизиции што може да се направат во еден преоден рок, но клубот има одредена резерва на средства што не ги надминува финансиските правила на Премиер лигата.

Така, меѓу потенцијалните нови играчи, австралискиот стручњак цели кон купување на напаѓач и централен фудбалер за врска.

Во оваа фаза не е јасно која е приоритетната цел на Спарс, но клубот размислува за трансфер на напаѓачот на Брентфорд, Иван Тауни и веќе неколку месеци го следи играчот од средниот ред на Челзи, Конор Галагер.

притисни ентер