Филипче: Само задоволни здравствени работници може да значат и задоволни пациенти

 Мора да сме свесни дека сите ние самите сме носители на сопственото здравје.

Самите мора да сфатиме дека треба да сме физички активни, да избегнуваме храна во која има штетни докажани предизвикувачи на болести, како и пушење цигари и да одиме на превентивни прегледи. Како здравствен систем ќе правиме сè исто како и во изминатите две години, за да го зајакнеме системот и да ја зголемиме достапноста до здравствените услуги и нивниот квалитет, изјави за МИА министерот за здравство Венко Филипче, упатувајќи препораки до граѓаните за 2020 година.

Најави дека ќе продолжи трендот на вработувања, зголемување на платите, иста политика кон сите нови специјализанти, дури и тие кои се запишуваат на специјализација да бидат платени исто како групата која првпат ја платиле пред година и пол.

– Од нашите разговори, од секојдневната комуникација со колегите лекари и медицинските сестри тие навистина се задоволни од зголемувањето на платите досега, но посебно и тоа што ќе следи и во февруари заради тоа што ова зголемување е рекордно и никогаш немало вакво зголемување на примањата на здравствените работници, рече Филипче во врска со тоа дали годинава ќе има задоволни доктори и пациенти.

Посочи дека ќе продолжат со тој тренд и годинава толку колку што дозволуваат сите економски параметри во државата. Досега, нагласи, бројките се одлични во делот на странски инвестиции, приходите во буџетот, така што само задоволни здравствени работници може да значат и задоволни пациенти и соодветен третман.

– Продолжуваме и со проектот за Клинички центар заради тоа што тоа е капитален проект како за секторот здравство така и генерално за нашата економија, заради тоа што нашите граѓани заслужуваат да имаат таков високоразвиен модерен медицински центар во кој ќе ги добијат најсовремените медицински услуги.

На фактичката изградба на објектот на Клиничкиот центар, појасни, ќе претходат многу други инфраструктурни проекти, за што ние веќе префрливме пари од Владата, од Министерството за здравство на Општина Ѓорче Петров за инфраструктурно средување во однос на пристапните патишта, водоснабдување, снабдување со електрична енергија и тоа се работи што многу скоро ќе почнат.

– Во рамките на Министерството за здравство се одвива конкурентниот дијалог, завршена е првата фаза во која имаа право да аплицираат сите заинтересирани економски оператори, останаа два еден од Франција и еден од Германија и во периодот што следува треба да почне и фазата на дијалог. Паралелено на сето ова во рамките на Министерството за финансии се одвива дијалог со потенцијалните инвеститори заради тоа што сумата што треба да се обезбеди ќе биде од заем, рече Филипче.

Во врска со изградбата на Клиничката болница во Штип, рече дека по нешто подолг период на чекање и одложување на работите заради тоа што изведувачот имал промена во политиката и промена на неговите подизведувачи веќе работниците се на терен, се работи на фасадата. Изрази уверување дека во периодот што следува уште поинтензивни ќе бидат активностите и на останатите сегменти од проектот.

Годинава, најави министерот, се планира набавка на нова опрема за повеќе јавни здравствени установи.

– Првпат магнетна резонанција ќе добијат болниците во Прилеп, Охрид и во Гостивар, компјутерски томограф ќе добие болницата во Гевгелија, каде што при крај е градбата на крилото во кое ќе се добие уште една операциона сала, истакна Филипче.

Додаде дека ќе продолжи трендот на регионализација со продолжување на надградувањето на знаењата на лекарите со поддршка од клиниките во Скопје, поради што е сменет Законот за здравствена заштита за да направат одредена услуга подостапна за граѓаните во градовите каде што нема таква експертиза, специјалност. /МИА.

Параглајдерист преживеал пад од 30 метри- камерата го снимила ужасот (ВИДЕО)

Јутјуберот Ентони Вела го тестирал леталото над државниот парк во Аризона кога доживеал несреќа.

Тој објави видео од инцидентот на популарната платформа, откако падна на земја од околу триесетина метри, врескајќи и плачејќи.

Ентони некако повикал помош.

„Тој звучеше очајно, го повика диспечерот и рече дека се урнал со својата летечка машина“, беше објавено.

Неговиот пријател пристигнал за неколку минути, а властите „во живо“ ги следеле драматичните моменти, пренесува Дејли Стар.

Диспечерот го прашал пријателот дали жртвата имала повреди или крвари, а Ентони тврдел дека е добро. За жал згрешил, бидејќи подоцна било откриено дека има неколку скршеници.

На пат кон болница ѝ се јавил на сопругата и ѝ рекол: „Колабирав, ми се скрши раката. Ќе бидам добро, љубов, не грижи се“.

Исплашената жена одговорила: „Што сакаш да кажеш, не грижи се?“.

Се верува дека инцидентот бил предизвикан од дефект на моторот, а Јутјуберот ги предупредил луѓето тројно да го проверат секој дел пред да полетаат.

Доктор имал интимни односи со жени во ординацијата, додека пациенти чекаат на ред

На лекарот кој се снимал себеси за време на интимните односи во ординација, додека пациентите го чекале својот ред, му се заканува крај на кариерата.

Том Плимер (40) се појави во ТВ шоуто „Први средби“ уште во 2018 година, а снимката наводно ѝ ја покажал на својата колешка од Свиндон. Потоа ѝ испратил на медицинска сестра 197 експлицитни фотографии откако таа била „принудена во врска со него“.

Трибуналот кој се занимава со жалби против лекарите откри дека способноста на д-р Плимер за професионална работа била нарушена поради недолично однесување, пишува Дејли Меил.

Членовите на трибуналот слушнале дека тој наводно поканил две жени на лекар, кои ги запознал преку Интернет, а потоа водел љубов со нив во работното време.

Се тврди дека имал интимни односи со најмалку шест жени во канцеларијата, а на поранешните љубовници им испраќал контроверзни фотографии додека пациентите го чекале својот ред.

За време на неговото појавување пред трибуналот, д-р Плимер се извинил за неговото „одвратно однесување“.

Тој претходно беше прогласен за виновен по повеќе обвиненија, меѓу кои и шетање по извршена операција со откопчани панталони, испраќање експлицитни видеа, како и ставање рака на колешка на гениталиите.

Против него е поднесена дополнителна пријава за полови дејствија во ординација.

Медицинската сестра тврди дека започнала „пријателство“ со докторот по „двосмислените пораки за чоколадното зајаче“. Тој наводно ѝ се доверил дека е зависник од секс и разменил 5.000 пораки со неа.

Една порака наводно гласела: „Можам ли да ти дозволам да влезеш во некоја тајна? Ти си мојата омилена“.

Плимер ѝ покажал 197 фотографии и видеа на кои тој има односи со други жени, било кажано на Трибуналот.

Лекарот минатата недела изјави дека „се опоравува од зависноста“ со поддршка од пријатели и зема лекови. Тој признава дека испраќал експлицитни видеа на жени, но тврди дека сѐ било со согласност.

Трибуналот допрва треба да донесе конечна одлука за овој случај.

Полицијата ги растера студентите пред елитната Сорбона на пропалестински протести (ВИДЕО)

Полицијата растера десетици демонстранти кои денеска кампуваа во дворот на Универзитетот Сорбона во Париз за да протестираат против војната во Газа, изјави тамошен студент.

Протестите се случија три дена по протестите на елитниот универзитет Сајнс По во главниот град и следеа антиконфликтни собири во кампусите низ Соединетите држави, објави Франс24..

„Имаме секаква причина, како на Јеил, Колумбија, Сајнсс По... да го осудиме она што го гледаме дека се случува“, рече студент, кој се претставил само како Леонард, на друг митинг пред влезот на Сорбона.

Универзитетот, еден од најстарите во светот, ги затвори своите згради за време на мирните протести. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“ и ја повикаа институцијата да го осуди Израел. Вкупно 253 заложници беа заробени во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, членовите на Хамас во нападот убиле околу 1.200 Израелци.

Израел возврати со наметнување опсада на Газа и воздушен и копнен напад. Според здравствените власти во Газа, израелската војска убила најмалку 34.488 Палестинци во тие напади.

Неколку француски политичари, меѓу кои и Матилд Пано, која ја предводи левичарската група пратеници на ЛФИ во Националното собрание, ги повикаа поддржувачите на социјалните мрежи да се приклучат на протестите во Сорбона.

притисни ентер