Филипче: Младите лекари вклучени во креирањето здравствени политики

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со специјализантите и младите лекари  од Општата болница, Здравствениот дом, Специјализираната болница „Свети Стефан" и Специјалната болница „Свети Еразмо" од Охрид.

Средбата беше искористена за запознавање со мерките што се спроведуваат во рамки на Министерството, како и да се слушна предлози и мислења на лекарите во насока на унапредување на здравствениот систем.

-Младите здравствени работници активно се вклучени во креирањето на здравствените политики, затоа што само тие можат да кажат кои мерки и политики се најдобри за младите специјализанти, лекари, медицински сестри. Изминатиот период направивме многу за да ги мотивираме и да бидат задоволни од својата работа. Спроведовме низа активности. Со измените кои ги направивме во Законот за здравствена заштита, го сменивме времето што специјализантот треба да го одработи во установата по завршување на специјализацијата во траење еднакво на должината на траењето на специјализацијата, како и намалувањето на висината на средствата што треба да ги надомести специјализантот ако предвреме ја напушти установата, потенцираше министерот Филипче, истакнувајќи дека е напуштено времето на како што истакна „лихварски договори".

Како што рече, за четиригодишниот период 2019-2022 одобрени се илјада специјализации и супспецијализации, како и платен труд за приватните специјализанти се платени за својот труд. Истовремено е дадена согласност за пет илјади вработувања во здравстввениот систем.

Според Филипче, направени се напори за соодветно вреднување и мотивирање на младите лекари, се со цел да се почувствуваат дека се дел од тимот, од системот.

-Отворивме можности секој млад здравствен работник својата иднина да ја гледа во јавното здравство. Сега, веднаш по добивањето на лиценца, вратите на младите им се отворени за работа со пациенти. Согласно измените во Законот за здравствена заштита тие треба да поминат на работа шест месеци во јавните установи во дејностите на итна медицинска помош, патронажна дејност и поливалентна патронажа", рече министерот Филипче.

Кога станува збор за примањата на здравствените работници, министерот потсети дека за 40 проценти се зголемени платите на лекарите специјалисти, од 20 до 23 проценти на медицинските сестри, покачување на платите на општите лекари до 25 отсто.

-Со вистинските здравствени политики ќе продолжиме и во следниот период. Инвестирањето во младите е најважно, затоа што тие се иднината во јавното здравство. Продолжуваме со зголемувања во платите и надоместокот за дежурства, подобрување на условите во здравствените установи и набавување на најсовремена медицинска опрема, истакна Филипче. /МИА

ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа

Европската унија денеска го повика Израел „веднаш“ да ја прекине својата воена операција во градот Рафа во Појасот Газа, предупредувајќи дека доколку не го стори тоа ќе ги поткопа врските со блокот. 

„Доколку Израел продолжи со својата воена операција во Рафа, тоа неизбежно ќе стави силно оптоварување на односите на ЕУ со Израел“, се вели во изјавата објавена во името на ЕУ од нејзиниот шеф за надворешна политика Жозеп Борел.

Поради дефект со намален притисок на вода корисниците од Волково

 Поради уличен дефект од Ф - 100мм на ул. „Борис Бојаџиски“ 47 во населба Ѓорче Петров, со намален притисок на вода ќе останат корисниците од Волково.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје - на отстранување на дефектот ќе се работи од 10:15 часот до негово санирање.

Камбекот на австриската репрезентација од 1:6 против Канада е најголем во историјата на СП

Камбекот на австриската репрезентација од 1:6 против Канада е најголем во историјата на Светските првенства во хокеј.

На Светското хокеарско првенство синоќа во Прага се одигра натпревар од групата А помеѓу селекциите на Австрија и Канада. Победија Канаѓаните со резултат 7:6 по продолжение.

Во третиот период австрискиот тимкој губеше со 1:6 постигна пет гола во низа и го однесе натпреварот во продолжение. Според прес-службата на Меѓународната федерација за хокеј на мраз (IIHF), овој камбек е најголем во историјата на Светските првенства.

Во продолжението, канадската репрезентација победи благодарение на прецизниот удар на Џон Таварес.

Следниот натпревар Канада за противник ќе ја има Норвешка, а Австрија ќе игра против Финска.

притисни ентер