Филип Милошевски нов генерален секретар на РФМ

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на денешната седница едногласно го избра Филип Милошевски за нов генерален секретар.

РФМ избра генерален секретар, Мукаетов најави подобра организација во репрезентациите

По смената на Марјан Начевски од оваа функција, Милошевски од новото раководство беше поставен за в.д. Генерален секретар, а од денеска и официјално е назначен за прв оперативец за РФМ со мандат од четири години.

УО на РФМ денеска избра и нови членови на Регистрационата комисија и Комисијата за безбедност на натпревари.

Членовите на УО од селекторот на женската репрезентација Гино Стрезовски беа запознаени со тековните активности и подготовките за баражот со Шпанија. Како успешни беа оценети двата натпревара со Србија во Крагуевац на кои Македонија забележа една победа и еден пораз.

Претседателот на РФМ Живко Мукаетов се заложи во најкус можен рок да се подобри организацијата околу патувањата и натпреварите на женската репрезентација.

- Реално наследивме состојба која треба да се менува, да се поправа, да се подобрува, а како прв чекор што го направивме беше подмирувањето на сите финансиски обврски кон репрезентативките. Девојките мора да ги добијат максималните услови за подготовкина една нормална репрезентација, а они само да играат ракомет и да не размислуваат за други работи. Допрва во организацискиот дел ни престојат предизвици за да личат на репрезентација, истакна Мукаетов.

Тој најави донесување на Правилници за функционирање на федерацијата и репрезентациите, изработка на Код за етичко однесување на играчите и правилно менаџирање во машката и женската репрезентација.

Мукаетов очекува за два до три месеци организацијата во Ракометната федерација на Македонија да биде поставена на едно ниво кое ќе биде многу повисоко од досегашното со елиминирање на сите досегашни слабости и со точно дефинирани задачи и обврски на одговорните лица.

Присутните на седицата од новоизбраниот генерален секретар беа информирани дека сите услови што беа побарани од стручниот штаб на машката репрезентација, а се однесуваа на подготовките за следните квалификациски натпревари се исполнети и тие од денеска ќе започнат со подготовки без никакви проблеми.

Фото: Лепа Брена на јахта за Велигден

Големата балканска музичка ѕвезда Лепа Брена на социјалните мрежи откри дека најголемиот христијански празник Велигден ќе го помине на својата јахта вредна 6 милиони евра.

Пејачката отпатувала на луксузна дестинација, а на својот Инстаграм профил објавила и покажала колку уживала.

На фотките Брена позира на палубата од јахтата.

Видео: Рекорден концерт на Мадона во Рио

Кралицата на попот Мадона постави уште еден рекорд. Легендарната пејачка одржа рекорден бесплатен концерт во Рио де Жанеиро, на кој присуствувале фантастични два милиони луѓе -!

Кралицата на попот Мадона синоќа на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро го одржа последниот концерт од својата турнеја „Celebration“, а се проценува дека спектаклот го посетиле меѓу 1,6 и 2,2 милиони луѓе.

Мадона на тој начин го сруши рекордот на Дијана Рос и овој настап сега и официјално е најпосетениот концерт на една изведувачка во историјата.

Ова воедно беше нејзин 81 концерт од мегауспешната турнеја со која ја прослави својата 40-годишна кариера.

Концертот бил бесплатен, а е финансиран од најголемата банка во Латинска Америка како подарок за граѓаните.

Фото: Бритни Спирс во центар на нов скандал: Покриена со јорган надвор од хотел

Според дел од светските медиуми, контроверзната музичка ѕвезда Бритни Спирс била видена во ноќта помеѓу 1 и 2 мај,  облечена само по долна облека покриена со јорган пред хотел.

Како што наведува „ТМЗ“, пејачката била во хотелот Шато Мармонт со своето момче Пол Солиз.

Во текот на вечерта дошло до конфликт, најверојатно меѓу нив двајца, по што некој од присутните повикал полиција, велејќи дека женско лице, кое наликува на Бритни Спирс, малтретирало луѓе и им се заканувало.

Полицијата пристигнала по 22:30 часот, но не констатирала траги на насилство и си заминала.

Изворот на ТМЗ наведува дека Бритни и Пол отишле во хотелска соба, каде продолжиле да пијат. Набрзо повторно се скарале, по што, според изворот, дошло до физички контакт, при што Бритни си ја повредила ногата.

Бритни потоа истрчала во ходникот, викајќи и врескајќи, а гостите повикале брза помош, која брзо пристигнала и успеала да стапи во контакт со пејачката, пренесува „b92“.

притисни ентер