Легендарниот Фил Колинс зад себе има три пропадната бракови, но не ја исклучува можноста повторно да застане пред олтарот.
За австралиското издание на магазинот „Ролинг Стоунс“ Фил објасни под кои услови повторно би стапил во брак:
-Веќе никогаш, ама баш никогаш не би потпишал предбрачен договор . Тоа е обична замка во која нема ниту трошка етичност. Кој верува во тоа? Се колнеме во вечна љубов , но сакаме да се обезбедиме за секој случај, лошо не требало, сакрастичен е Колинс.
Популарниот музичар на сопствената кожа ја почувствува суровоста на предбрачниот договор.
Откако во 2008 година се разделил од својата трета сопруга Ориане Кевеј морал да и исплати 47 милиони долари. Тоа воедно бил најскапиот „селебрити“ развод во историјата на Британија.
-Пропаднатите бракови буквално ме доведоа до просјачки стап, вели Колинс.
При разводот од втората сопруга Џил Тавелман, Фил морал да и исплати 34 милиони долари.
Инаку сите три разводи го чинеле Фил Колинс 84 милиони долари, или третина од богатството.
Колинс и покрај тоа што дури три пати „се изгоре“ во љубовта, од почетокот на годината повторно е во врска со својата трета сопруга Ориане.