ФИБА и ја одзема на Украина организацијата на Евробаскетот во 2015 година

Европското првенство во кошарка 2015 година нема да се одржи во Украина, тврди Кошаркарската федерација на Летонија, а пренесува „Спортандо“. Според изворот на информацијата ќе дојде и до промена на форматот на Евробаскетот и веднаш по натпреварите во групи ќе се играат осминафинални дуели (елиминациски), како на Светското првенство.


ФИБА Европа би требало наскоро да објави конкурс за организација на Европското првенство, а рок за поднесување на пријавите ќе биде до 31.јули. Засега 16 држави покажаа интерес за организација, а можно е ФИБА Европа да дозволи и повеќе држави да имаат заедничка организација. Се очекува конечната одлука да биде позната кон крајот на август, по завршувањето на квалификациите. Македонската репрезентација учествува во квалификациите и се наоѓа во група со Белорусија, Данска и Белгија.

ФИБА Европа неколку пати ја пролонгира одлуката за домаќинот на Еуробаскет 2015 година, но за очекување е дека Украина во следните неколку денови и официјално да се откаже, пред се поради нестабилната политичка состојба во државата. Можно е Украина да договори евентуално да има предност да го организира шампионатот во 2017 година.

Кливленд го оствари најголемиот камбек во „мајсторка“ од НБА плејофот по 1997 година

 Екипата на Кливленд кавалирс имаше негатива од 18 поени во првото полувреме од седмиот натпревар од нивната плејоф серија со Орландо меџик.

Кливленд губеше 31:49 на 4 минути до крајот на втората четвртина, но успеа да ја надмине негативата и да го добие натпреварот со резултат 106:94.

Кавалирс го направија најголемото враќање во седми натпревар од плејоф серија на најсилната кошаркарска лига на светот по 1997 година.

Тимот предводен од тренерот Џеј Би Бикерстаф се пласираше во второто коло од плејофот за прв пат од 2019 година.

Во четвртфиналето од разигрувањето за шампионскиот трофеј, ривал на Кливленд ќе биде тимот на Бостон селтикс.

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот!

Ви се обраќам со длабоко чувство за важноста на двојните избори во среда. Државата ни е на крстопат, одлуката која ќе ја донесеме ќе ја обликува судбината на Македонија во годините што доаѓаат. 

„Ви се обраќам со длабоко чувство за важноста на двојните избори во среда. Државата ни е на крстопат, одлуката која ќе ја донесеме ќе ја обликува судбината на Македонија во годините што доаѓаат. Вашиот глас нема да биде само исполнување на граѓанска должност, туку и влог во наследството кое ќе го оставиме“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во изборна единица 2.

Тој истакнува дека секој глас е скапоцен, притоа посочувајќи дека избори може да се добијат или изгубат со мали разлики, но со големи последици.

„Затоа секој од вас е важен за да продолжиме по нашиот пат кон Европската унија.

Да не дозволиме да отстапиме од тоа што седум години го градиме заедно и внимателно. Вашата желба за европски стандард и квалитет на живот е најважна, а тоа може да го исполниме со заокружување на бројот 1“, вели Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ и кандидат за пратеник, Битиќи потсетува дека пред седум години излеговме од сенките на поделеноста и заробената држава, притоа предупредувајќи дека национализмот и изолацијата повторно демнат, како што тој вели, на нашиот праг.

„Тоа не треба да не' плаши бидејќи ние ја имаме моќта да одлучуваме за нашата судбина.

Секој од нас сноси одговорност, никој не е изоставен. Без разлика дали сте земјоделци, учители, доктори или студенти - вашиот глас е важен. Затоа на 8-ми мај излезете на гласачките места и дадете го својот глас за СДСМ и Коалицијата за европска иднина, изберете го напредокот, оставете зад себе наследство на напредок, единство во различностите и просперитет“, порачува Фатмир Битиќи, ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во изборна единица 2.

Пахор: Се подготвувам многу за функцијата специјален пратеник за дијалог Белград - Приштина

 Се подготвувам многу внимателно за функцијата специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина.

-Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, најави дека неговиот кабинет и Министерството за надворешни работи во Брисел најверојатно следната недела ќе ја достават неговата кандидатура за специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.

Во интервју за РТВ Словенија, Пахор изјави дека има голем број идеи како да се освежи или заживее дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој моментално е во застој. Смета дека Словенија, како и тој, имаат статус на „еден чесен посредник“.

Пахор рече дека за можната функција се подготвува „многу внимателно и одговорно“ и додаде дека многу му значи поддршката што ја ужива во Словенија.

За време на меѓународната конференција за Западен Балкан минатиот месец, поранешниот претседател на Словенија повторно изрази желба да ја преземе оваа позиција, а беше поддржан и од премиерот Роберт Голоб.

Пахор неодамна објави дека работи на нацртот за продолжување на дијалогот и координацијата со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, земјите-членки на ЕУ и земјите од Квинта, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија.

Специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина го именува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, но конечната одлука ја носат лидерите на ЕУ.

Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, по завршувањето на неговиот мандат на крајот на август ќе биде именуван за амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

притисни ентер