Фиат дискретно го открива новиот модел (ВИДЕО)

Fiat подготвува нов кросовер кој ја споделува технологијата со неодамна претставениот Jeep Avenger.

Веќе е познато дека Fiat подготвува нов 600e. Меѓутоа, наместо тоа да го објави преку неколку тизер-објави, Fiat отиде на другата страна и го откри автомобилот внатре и надвор. И тоа го направи многу дискретно - со видео кое воопшто не се занимава со моделот.

Станува збор за видеото наречено „Отворени врати“, кое, според соопштението, се занимава со „човечко братство, отвореност и вклученост“. Видеото е создадено за Светскиот состанок за човечко братство „Not Alone“, кој се одржа на 10 јуни на плоштадот Свети Петар, во организација на ватиканската фондација „Fratelli Tutti“.

Таму, Fiat 600e беше дел од официјалната флота заедно со 500e и електричните комбиња. Познато е дека 600e користи добро позната технологија, што значи дека електричните перформанси ќе се карактеризираат со моќен електромотор од 156 КС во комбинација со батерија со капацитет од 54 kWh. Се планира и бензинска верзија со 1.2 мотор со 100 КС, додека за дизел веќе не се ни размислува.

Премиерата е закажана за 4 јули, на 65-годишнината од моделот Fiat 500. Треба да се има предвид дека 500X ќе остане во гамата и, според сите оценки, ќе премине во компактниот сегмент во новата варијанта.


Шпанскиот суд ја отфрли втората тужба против Шакира поради данок

Шпанскиот суд денеска ја отфрли даночната истрага против колумбиската поп-ѕвезда Шакира, откако обвинителите одлучија да не покренуваат обвиненија.

Шакира се согласила на спогодба минатата година за да избегне судење во Барселона поради наводите дека не ѝ платила на Шпанија данок на доход од 14,5 милиони евра од 2012 до 2014 година.

Судот во градот Есплугес де Лобрегат, во близина на Барселона, објасни дека нема докази за поддршка на тврдењето на тужителот дека Шакира „свесно и доброволно ги испуштила информациите и документацијата“ кога ја подготвувала нејзината даночна пријава за 2018 година.

Пејачката, која има продадено милиони албуми ширум светот, живееше со поранешната шпанска фудбалска ѕвезда Жерар Пике 11 години и заедно имаат две деца. По разводот се преселила во Мајами.

Апел за помош: Да ѝ помогнеме на Сања Живановиќ, семејството нема пари за скапата терапија

Сања Живановиќ апелира за помош, откако се разболела од инфламаторна болест и подолго време била хоспитализирана.

Семејството на младата Сања апалира до сите хумани луѓе да ѝ помогнат за набавка на скапата терапија . Да ѝ помогнеме на Сања да си ја врати насмевката.

Крвна одмазда во кафуле во Белгија: Изрешетан Албанец додека пиел кафе

Албанскиот државјанин Агустин Каза (44) бил застрелан во Белгија додека седел и пиел кафе во кафуле.

Три куршуми го погодиле во градите, додека еден завршил во неговата глава. Агустин бил застрелан од непознато лице, кое по злосторството избегало од местото.

Тој со тешки повреди бил пренесен во болница, каде по неколку дена во кома им подлегнал на повредите.

Белгиската полиција покрена истрага за ова убиство.

Во оваа фаза од истрагата, се верува дека мотивот е крвна одмазда за убиството извршено пред повеќе од 20 години од страна на братот на Агустин.

На 7 јануари 1994 година бил убиен шефот на криминалната група Ндуе Каза.

Наводно, тој бил застрелан среде град од Дод и Аугустин Џини, кои избегале по злосторството.

Во 1997 година, братот на Агустин, Мартин Каза, како одмазда во градот Лача ги убил браќата Дод и Аугустин, кои биле осомничени за убиство на неговиот брат во 1994 година.

Мартин Каза е осуден на 22 години затвор за убиство со умисла и недозволено носење оружје.

Каза бил уапсен во Лондон и екстрадиран во Албанија во 2017 година, каде се уште ја отслужува казната.

Иако е во затвор, крвната одмазда меѓу семејствата не престанува.

По неколку години, кога се чинеше дека ситуацијата се смирила, во Брисел е убиен братот на Мартин, Агустин.

притисни ентер