,,Светото тројство” на авто – мото светот до сега успеал да го освои само покојниот британски возач Греам Хил во шеесетите и седумдесетите години на минатиот век. Фернандо Алонсо на 38 годишна возраст има шанса да го повтори успехот на Хил .
Тој лани се пензионира и ги напушти трките на Формула 1 , а потоа победи на трката ,,24 часа Ле Ман”.
Освен тоа , два пати до сега ја освојуваше наградата Големата награда на Монте Карло. Сега му недостига само победа во Индијанополис 500 .
За таа цел денеска МекЛарен го претстави новиот болид , со кој идниот викенд Шпанецот ќе излезе на патеката во Индијанополис.
Главна цел на Алонсо му е да докаже дека е најдобар возач на светот , нешто што во Формула 1 смета дека не може да се постигне без вистински силен болид.