Ферид Мухиќ во „Само вистина“

Мухиќ: Договорот со Грција без преседан е најбесмисленииот и најпарадоксалниот договор, камен од камен не остана од нас

Гостин во ,,Само вистина“ вечерва беше независниот пратеник Ферид Мухиќ, дел од парламентарното мнозинство, кој потврди дека на денот на гласањето за Договорот не бил ниту во Скопје а камо ли во парламентот и воопшто не гласал, независно што некои електронски медиуми јавија дека гласал ,, За,,.

Мухиќ смета дека договорот е најирационалниот и најбесмислениот договор и договор кој можеби ќе беше подобро да претпоставува да им дадевме територија или пари на Грција или да го сменевме само името на државата и по цена да немало Македонија во него, но никако ваков договор со кој, според него, се брише историјата на еден народ , се бришат сите етникуми во Македонија не само Македонците туку и Албанци, Турци, Власи, Турци, Роми итн и дека целта била менување на границите и јасно разграничување на Муслиманите и Христијаните.. Сепак Мухиќ смета дека премиерот Заев бил храбар што конечно ги дотуркал работите до овде и штом прифатил ваков договор, бил приморан на тоа , смета независниот пратеник Мухиќ. Мухиќ смета дека за промена на име не треба ни граѓаните да излегуваат на референдум, бидејќи ниту тие можат да менуваат нешто што да менуваат не можат да арчат нешто што не го спечалиле. Со овој договор се порекнува Македонскиот национален идентитет, смета Мухиќ.

Повеќе погледајте во видеото во вечерашната „Само Вистина“.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер