Ферари произведе болид од видео играта „ Gran Turismо“ (ВИДЕО)

Ferrari реши на посебен начин да го одбележи 25-от роденден на популарната видео игра.

Дигиталниот автомобил на Ferrari Vision Gran Turismo ја виде светлината на денот. Станува збор за едносед со драматичен изглед, во кој сè е подредено на перформансите, а прототипот е изложен до март следната година во музејот на Ферари во Маранело. Доколку сакате да го возите, ќе можете од 23 декември, кога Gran Turismo 7 доаѓа на PlayStation.

Она што го смислија Флавио Манцони и Ферари Центро Стиле е тешко да се сумира во неколку реченици. Има сè, од историски тркачки автомобили како 330 P3 и 512 S до футуристички детали кои го „редефинираат стилскиот јазик на компанијата“, се наведува во соопштението за печатот.

За разлика од конкуренцијата Порше и Јагуар, Ферари не се реши да има чисто електричен погон.

Централно поставениот 3.0 V6 twin-turbo од 296 GTB сега произведува 1030 КС и 900 Nm, а по него следи хибриден погон со три електромотори и вкупно 326 КС. F1 технологијата и погонот на сите тркала овозможуваат спринт до 100 km/h за помалку од 2 секунди, 200 km/h за помалку од 5 секунди и максимални над 350 km/h.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер