Ферари на спектакуларна церемонија го претстави новиот болид (ВИДЕО)

Со Симфониски оркестар и спектакуларна програма, Ферари го претстави автомобилот за новата сезона во Формула 1 на прекрасната промоција во Реџо Емилија.

Наречен SF1000, симболизирајќи ги иницијалите на компанијата и јубилејната 1000-та трка што треба да се слави следната сезона, Скудерија Ферари верува дека овој автомобил може да ја прекине долгогодишната доминација на Мерцедес.

„Навистина ми се допаѓа и едвај чекам да седнам во кокпитот. Не можам да кажам што ќе се случи оваа сезона, но знам колку луѓе работеа за овој автомобил“, рече Себастијан Фетел.

Ферари минатата година имаше огромни проблеми, а во некои трки славниот италијански тим делуваше комично. Со прекрасниот нов автомобил, тие веруваат во подобри денови, така што ќе треба да видиме како SF1000 ќе се справи со Мерцедес и постојаното подобрувањето на тимот на Ред Бул.

Последниот возач што го освои Светскиот куп со Ферари беше Кими Раиконен во 2007 година. Новата сезона во Формула 1 започнува на 15 март со трката за големата награда на Мелбурн.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер